Нов трејлер за новата игра Мортал Комбат

Сепак, треба да се има предвид дека се работи само за игра која не е поштетна од стандарден акционен филм на телевизија со повеќе насилство и крв, кои ги има во изобилство и достапни за сите генерации на телевизија без цензура

Mortal Kombat 1 слика од Wikipedia

Во изработка е најновата верзија од Мортал Комбат серијалот игри, кој им е добро познат и на постарите и на поновите генерации. Повозрасните ги паметат првичните верзии на бруталната игра со „коцки-коцки графика”, која беше направена со вистински снимки од актери кои беа вметнати како анимации во играта, докажувајќи дека мешањето на филмот и видео игрите може да биде многу функционално. На овој линк има ретки снимки за тоа, како се правени движењата за првичната верзија на играта.  

На линкот подолу е најновиот трејлер за играта, на која што сè уште се работи, со предупредување дека видеото е за возрасни поради експлицитни сцени на насилство:

Оценките се дека играта е „премногу насилна и крвава”, и навистина, Мортал Комбат игрите, од првата до последната имаат слики и анимации на брутално насилство, но и на правилно изведувани удари со раце и нозе од различни боречки вештини. Тоа не беше пречка играта да се пробие кај сите генерации. Во минатото на флипери, а сега на компјутери или конзоли од дома ја играат оваа токму заради тоа што „не е за деца” како ефект на „забрането овошје”. Сепак, треба да се има предвид дека се работи само за игра која не е поштетна од стандарден акционен филм на телевизија со повеќе насилство и крв, кои ги има во изобилство и достапни за сите генерации на телевизија без цензура. 

Видеата како овој трејлер, во минатото беа кратки, но многу долго очекувани. Подоцна секоја игра имаше видео анимации, од кои првата и последната од играта обично беа со своевремен врвен квалитет.  

Мортал Комбат игрите секогаш биле тука за забава, а не да предизвикаат агресија. Дванаесетиот дел од играта, најновиот, наречен Мортал Комбат 1, ќе излезе на сите конзоли и ќе може да се игра и на компјутер, а закажаниот датум е 19 септември.