fbpx

Петровска: Живееме нова безбедносна реалност, важно е да сме гласни во повикот да престане

Организацијата на резервни офицери, е клучен сегмент од безбедноста на секоја земја, рече министерката Петровска

-

„Европа се соочува со конвенционална војна, нешто што беше незамисливо пред нешто повеќе од една година. Оваа нова безбедносна реалност бара сите ние, чинителите во безбедносната сфера да бидеме јасни во осудата на воената агресија на една земја врз друга независна и суверена земја, да бидеме гласни во повикот да прекинат човечките страдања и потребата да надвладее разумот“. Ова го истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска, која утрово го отвори пролетниот состанок на Средноевропската иницијатива на резервни офицери, чија полноправна членка е и Организацијата на резервни офицери на Северна Македонија.

Таа ја истакна важноста на ставовите и размислувањата на резервните офицери имајќи ги предвид предизвиците по безбедноста на континентот.

„Европа, слободна, безбедна и во мир, е единствената солуција која е прифатлива и затоа сите ние, низ вакви или слични формати мораме отворено да разговараме дека во 21-от век нема место за воени дејствија на стариот континент“, рече министерката.

Таа истакна дека Организацијата на резервни офицери, е клучен сегмент од безбедноста на секоја земја.

„Таа е пример за модерно дејствување и промотор на евроатлантските вредности и современото разбирање за улогата во општеството. Токму фактот дека оваа Организација се развива и одблиску соработува со здруженијата на офицери во резерва од Европа е доказ за местото и улогата на оваа Организација во македонското општество“, рече министерката.

На отворањето се обратија и претседателот на Организацијата на резервни офицери, Гоце Гоергиев и претседателот на ГАМИНГЕР, потполковникот Филип Лео, кои ја истакнаа важноста на оваа Иницијатива во европски рамки и потребата за отворена дискусија за сите безбедносни прашања на континентот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ ги повика социјалните мрежи да ги означуваат содржините генерирани од вештачка интелигенција

Компаниите за социјални медиуми, вклучувајќи ги и Гугл и Фејсбук, беа повикани од ЕУ „веднаш“ да започнат со етикетирање на содржините и фотографиите генерирани од вештачка интелигенција, како дел...
Free Download WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=
download coolpad firmware
Premium WordPress Themes Download
lynda course free download