fbpx

Цените на тестенините од утре ќе се замрзнат, најавува Бектеши

Бектеши денеска најави дека се во постојана комуникација со производителите на млечните производи, додавајќи дека ќе почека до утре наутро за да види дали и колку ќе се намалат цените

-

По замрзнувањето на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари од почетокот на март, министерот за економија Крешник Бектеши најавува дека од утре ќе се замрзнат цените на тестенините, при што тој очекува во маркетите овие производи да се продаваат по цени пониски за над 10 отсто.

Бектеши денеска најави дека се во постојана комуникација со производителите на млечните производи, додавајќи дека ќе почека до утре наутро за да види дали и колку ќе се намалат цените на млекото, урдата и белото сирење. Тој додаде дека дел од компаниите се одлучиле веќе самите да ги намалат цените на овие производи.

„Граѓаните да бидат спокојни, цените ќе бидат намалени не само на овие производи, ние во континуитет ќе продолжиме со сите производи каде што ќе покажат анализите дека има поголеми профити или маржи од она што е редовно“, изјави Бектеши.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во синоќешното гостување во емисијата „10 Минути“ што се емитува на ТВ21 изјави дека и покрај сите мерки за помош на граѓаните и на компаниите, продолжила тенденцијата за раст на цените, што ја приморала Владата да интервенира со замрзнување на цената на лебот, бидејќи интересот на граѓанинот мора да биде на прво место.

Инаку, вицепремиерот Битиќи информираше рече дека владата на вчерашната седница донела одлука за дополнителна помош, така што ги укинала царинските давачки за тестенините и на производите кои влегуваат во палетата основни прехранбени производи.

Битиќи додаде дека оваа нова владина мерка ќе придонесе за намалување на цените, потсетувајќи дека владата веќе ја субвенционира електричната енергија за производителите на основните прехранбени производи.

МОН: Запишувањето вонредни ученици во медицинските училишта се става во мирување

Сите јавни средни училишта во државата кои имаат добиено верификација за изведување на настава од здравствена струка се известени дека запишувањето на вонредни ученици се става во мирување, почнувајќи...
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Premium WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
udemy paid course free download
download mobile firmware
Download WordPress Themes Free
udemy course download free