На конференција за борба против корупцијата што се одржа во Тирана, амбасадорот на САД во Албанија, Доналд Лу, изјави дека Албанците мора да имаат високи очекувања од спроведувањето на судските реформи, јавува дописничката на „Мета“ од Албанија.

„Судските реформи може да бидат спроведени само ако народот во Албанија има високи очекувања и барања од институциите. Албанците треба да очекуваат дека многумина од водачите на организираниот криминал ќе бидат затворени, дека корумпираните политичари од двете страни ќе се соочат со правдата и дека дилерите на дрога, судиите, политичарите и јавните обвинителите треба да стравуваат од правдата“, изјави Лу.