fbpx

Народната банка започнува со објавување нови статистички податоци за картичното работење

-

Народната банка започнува со објавување нови статистички податоци од доменот на картичното работење коишто се поврзани со трансакциите во странство со платежните картички издадени од домашни издавачи и со трансакциите во земјата со платежните картички издадени од странски издавачи и со објавување на надоместоците коишто банките и другите даватели на платежни услуги ги наплатуваат од трговците за плаќањата со платежните картички.

„Податоците поврзани со трансакциите со картички од домашни издавачи во странство и од странски издавачи во земјата досега се прикажуваа само на агрегатно ниво, во рамки на извештаите за платежни трансакции со платежни картички според типот на уредот. Во новите прегледи, овие податоци ќе бидат подетално прикажани од аспект на земјата во која е лоциран уредот преку кој е извршено плаќањето, како и од аспект на земјата во која е издадена платежната картичка. Притоа, за секоја од поединечните земји ќе бидат објавени податоци за бројот и вредноста на плаќањата, во зависност од тоа дали се извршени на банкомати, уреди на физички места на продажба (пос-терминали) или на виртуелни места на продажба“, информираат од Народна банка.

Согласно со најновите измени на Одлуката за доставување податоци за извршените активности во платниот промет е предвидено Народната банка да објавува податоци и за висината на надоместоците на продажно место коишто банките и други даватели на платежни услуги ги наплатуваат од трговците.

Новите податоци ќе бидат достапни на веб-страницата на Народната банка, во делот „Платежна статистика“. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...