fbpx

Бензините и дизелот поевтинуваат за половина денар

Maлопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ од полноќ ќе изнесува 76,5 денари за литар

-

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денари за литар, одлучиле во Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Така, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82,5 денари,  малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 84,5 денари, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 76,5 денари, а малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 44 денари за килограм.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...