fbpx

Жестоки политички критики кон папата Франциск бидејќи повикал на преговори со Русија

Ако постоеше макар и минимална шанса рускиот режим да покаже подготвеност за разговори, „целиот свет би го прифатил и би разговарал. За жал, го гледаме токму спротивното“, рече германската министерка Бербок

-

Германските политичари, вклучително и министерката за надворешни работи, го критикуваа папата Франциск за неговиот апел да се преговара за мир со Русија, пренесе германската новинска агенција ДПА.

„Навистина се прашувам што сакаше да каже“, рече Аналена Бербок вчера за телевизијата АРД.

„Јас не разбирам”, додаде таа.

Според Бербок, некои работи можат да се разберат само ако се видат со свои очи.

„Кога ќе видите, на пример, како градинките во Украина се на удар, како децата и младите се депортираат во Русија“.

„Се прашувам – каде е папата? Папата мора да знае за тоа“, додаде Бербок.

Потребна е храброст, рече таа, да се биде на страната на народот во Украина и да се направи сè за тие да се одбранат.

Ако постоеше макар и минимална шанса рускиот режим да покаже подготвеност за разговори, „целиот свет би го прифатил и би разговарал. За жал, го гледаме токму спротивното“.

Папата беше критикуван и од лидерите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ/ЦСУ), водечкиот опозициски блок во Германија.

„Ништо нема да се реши во Украина со веење бели знамиња, напротив“, рече премиерот на покраината Хесен, Борис Рајн, на состанокот на демохристијаните во Берлин во понеделникот.

Реин, како што рече за себе, е побожен католик, но тешко му е да разбере што сакал да каже Папата.

„Ги гледам работите сосема поинаку. На сите треба да им биде јасно дека победата на Путин во Украина ужасно ќе го поткопа либералниот поредок во Европа. Ништо нема да биде подобро ако Путин победи таму, сè ќе се влоши“, заклучи Рајн.

Функционерот на ЦСУ, Александар Добриндт, рече дека му е тешко да го разбере апелот на папата и дека тој се залага за правото на Украина на самоодбрана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...