Пријава против охриѓанец за убиство во обид – турнал жена од тераса

Жената била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди

Фото: МВР

Охридската полиција поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Охрид, поради сомнежи за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против охриѓанецот Е.М.(21) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

Од СВР Охрид известуваат дека на 8 март годинава, околу 11.30 часот, првопријавениот охриѓанец, во стан на улицата „ Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал скопјанката М.О.(39) од Скопје од терасата.

„Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди“, известува СВР Охрид.

Второпријавениот Е.М., кој бил присутен и во чиј стан се случил обидот за убиство, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело, велат од охридската полиција.