fbpx
Таг: обвинителство

таг: обвинителство

Поднесено обвинение за инцидентот со Пендиков, еден од напаѓачите сè уште е во бегство

Охридското Обвинителството поднесе Обвинителен предлог против едно од лицата за кои се смета дека го претепаа секретарот на Бугарскиот културен клуб „Цар Борис“ во Охрид, Христијан Пендиков. „Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 во врска со став 2 и во врска со член 22...

Дисциплинска постапка за поранешната обвинителка за организиран криминал и корупција Вилма Русковска и две нејзини колешки

Дисциплинската комисија на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донела Решение со кое „се поведува дисциплинска постапка против поранешен основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и уште две обвинителки од тоа обвинителство“, соопшти обвинителството. Всушност, станува збор за поранешниот прв човек на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција...

Поранешниот генсек на Владата Мухамед Зеќири пред судот се изјасни дека не е виновен

Поранешниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири на почетокот на судскиот процес во Основниот кривичен суд Скопје, изјави дека не се чувствува виновен за делото кое му се става на товар, известува Дојче Веле на македонски јазик. Неговите адвокати побарале вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и поранешниот директор на „Пошта“, Јани Макрадули,...

Правен тим од Вашингтон ја истражува корупцијата во земјава

Тим правници за санкции од Вашингтон е пристигнат во земјава и внимателно ќе ги анализира состојбите со корупцијата, соопшти амбасадорката на САД, Анџела Агелер на својот Твитер-профил.   Sanctions Team from Washington here to take a more aggressive look at past and current corrupt actors, and to consider all possible responses. North Macedonia’s justice sector needs more investigations, prosecutions to show...

Украинско обвинителство: Русија извршила 44.869 воени злосторства од 24 февруари до денес

Од почетокот на воената агресија на 24 февруари, Русија на територијата на Украина извршила 44.869 воени злосторства и злосторства на агресија, информираше Јавното обвинителство на Украина, пренесува Укринформ. Според нивната досегашна работа, регистрирани се 43.312 кривични дела кои се однесуваат на прекршување на законите и обичаите на војна, 73 кривични дела за планирање, подготовка, започнување или водење на воена агресија,...

Српското обвинителство најави истрага за сите напади за време на Европрајд

Српското обвинителство во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе направи сè за да ги открие и гони лицата кои го предизвикаа насилството во саботата за време на прошетката на Европрајд, порача обвинителот во Белград, Ненад Стефановиќ, пренесе Н1. „Посебно нагласувам дека обвинителството ќе ги насочи сите расположливи капацитети за утврдување на сите релевантни околности за нападот врз припадниците на...

Не постои активен механизам за промовирање на недискриминација и еднаквост

Во моментот во земјава не постои активен механизам за промовирање на недискриминација и еднаквост со фокус на говорот на омраза и кривичните дела од омраза, се вели во Анализата за состојбата со говорот на омраза која беше промовирана вчера. Според заклучоците од оваа анализа, оваа состојба се должи на недостаток на нова стратегија што создава несигурност и недоследност во...

Обвинителите ја одбија жалбата, суспензијата на Русковска останува во сила

На денешната 63 седница, која не беше отворена за јавноста, членовите на Советот на јавни обвинители едногласно ја одбија жалбата на шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска. За отфрлање на нејзината жалба гласаа обвинителите Антонио Јолески, Изет Мемети, Фаик Арслани, Влатко Георгиевски, Фиданка Рајевска, Коле Штеријов, Арбер Исаку, Касна Жежова. Со тоа нејзината суспензија останува во сила до...

Јавното обвинителство со индикации дека д-р Жан Митрев може да ја напушти државата

Доктор Жан Митрев денеска бил повикан на распит во Основното јавно обвинителство од Скопје, во врска со предметот кој беше отворен по сторијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), за лекување на ковид пациенти со хемофилтрација. Kaко што информираат оттаму, по утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство денеска донело наредба за спроведување истражна постапка...

Шест години затворска казна за Груевски за случајот „Талир 2“, судот ќе ја конфискува Белата палата

За виновни се прогласени поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на партијата и на тогашната Влада Кирил Божиновски, за незаконската изградба на Белата палата - седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје. Основниот кривичен суд Скопје го осуди Груевски на затворска казна од шест години, додека Божиновски доби условна казна од 2 години затвор која...

ОЈО: Истрага против наставник од Струмица за полов напад врз ученичка

Наставник од Струмица извршил полови дејствија врз ученичка која сѐ уште немала наполнето 14 години. Според струмичкото Обвинителство кое против наставникот отвори истрага за полов напад врз дете, тој во два наврати во спортската сала на училиштето ја допирал и ја бакнувал. Наставникот, во периодот од октомври 2020 година до мај 2022 година, преку социјална мрежа на ученичката ѝ испраќал...

Хелсиншки комитет ќе ја бара правдата во Стразбур откако обвинителството го повлече обвинението за Тамара

По преквалификацијата, која ја направи основниот јавен обвинител на завршните зборови во случајот за смртта на девојчето Тамара Димовска од Велес, во кривично дело за кое настапи апсолутна застареност за кривично гонење и ги сруши шансите за понесување одговорност за смртта на девојчето, кое почина чекајќи одлука од надлежните институции за лекување во странство, Хелсиншкиот комитет најави дека и...

Хелсиншкиот комитет: Судот донесе правилна одлука, апел до обвинителството да спречи одмазда кон Иловска

Откако Основниот суд Велес денеска ја ослободи од обвинение велешанката Пале-Павлинка Иловска која лани со нож го усмрти нејзиниот насилен партнер, полицаецот Александар Ристовски (40) од Велес, Хелсиншкиот комитет за човекови права апелира до јавното обвинителство да превенира можна одмазда. „Водејќи се од изнесените докази на главната расправа, судот констатираше дека делото е направено во нужна одбрана и ја потврди...

Дигитализацијата во правосудството полека излегува од зачмаеност

Процесот на дигитализација на правосудството генерално се води според Стратегијата за ИКТ во правосудството 2019 – 2024 година, која во меѓувреме е и ревидирана. Иако во оваа стратегија се наведени и краткорочните и долгорочните цели, базирани врз актуелната состојба и визијата каде треба да се движи овој процес на дигитализција во правосудството, се чини дека посериозните исчекори се направени...

Вистиномер: Судството со намалена ефикасност во првата „пандемиска“ година

Сѐ уште има стари судски предмети кои се водат како нерешени по повеќе години и тие систематски „се чистат“, но забележана е и намалена ефикасност во текот на првата „пандемиска“ година – 2020 г. Ова се наведува и во „Извештајот во сенка за Поглавјето 23“ на Институтот за европски политики, при што се забележува дека ажурноста на судовите опаднала,...

Реформи во правосудството: Обвинителството понетранспарентно од судството

Судовите, иако неекипирани со професионално вработени лица за односи со јавноста, имаат релативно добра соработка во однос на тековни судски постапки, предмети до судовите и слично. Но, голем проблем претставува затвореноста на судскиот портал, односно тешкото пребарување на одлуките на судовите за различни кривични дела во постапките. Јавното обвинителство отсекогаш било за степен позатворено од судството, пред сѐ, имајќи...

Јовески: Нееднаквоста на граѓаните пред законот е плодно тло за корупцијата

„Ние, обвинителите и судиите, во работата и одлуките кои ги носиме, мора да ја обезбедиме еднаквоста на граѓаните пред законот. Сè додека не се постигне тоа, граѓаните нема да имаат доверба во нашата работа. Тоа ја поткопува правната сигурност во општеството и е плодно тло за корупцијата која не познава граници и подеднакво ги напаѓа развиените и неразвиените држави“,...

Мрежа против хомофобија и трансфобија: Има ли предрасуди во (на)постапувањето на обвинителството?

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ), во понеделник, 29 ноември 2021, со почеток во 11 часот, на платото пред Јавно обвинителство ќе одржи прес конференција и протест за (не)постапувањето на ОЈО за нападите врз ЛГБТИ активистите. Како што велат оттаму, цели седум години по насилничкиот напад во Дамар за време на роденденот на ЛГБТИ Центарот за поддршка, Јавното обвинителство...

Обвинителството ќе ја расветлува сомнителната смрт на пациентката која била лекувана дома

Случајот за сомнителната смрт на ковид пациентката која во домашни услови примала инфузија која не ѝ била препишана од матичниот доктор стигна и во Обвинителството. Од таму за Мета изјавија дека по добиеното известување од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, постапката со цел расчистување на случајот е продолжена. „Известено е надлежното обвинителство за добивање на понатамошни насоки“, стои во одговорот испратен...

Осомничената за убиство на полицаецот во Велес била давена за врат, велат од Обвинителство

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна девојка од Велес за кривично дело – Убиство. „На 29 септември, во раните утрински часови, во куќата во која живеела, осомничената при вршење семејно насилство лишила од живот 40–годишен маж со кого живеела во вонбрачна заедница.По вербална и физичка расправија меѓу нив, тој ја фатил за врат...

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...