четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: автопати | 116 резултати

„Еуровиа“ подизведува и за „Бехтел-Енка“, за опозицијата шокантен податок, за власта нема ништо спорно

13 септември 2023

Градежните работи на изградба на автопатот Гостивар-Кичево вчера почнаа кај гостиварското село Горна Бањица од страна на американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“. Порталот А1он.мк деновиве објави дека фирмите „Еуровиа“, „АК Инвест“ и „Стентон градба“ се фирмите што се избрани за подизведувачи, додека вицепремиерот Артан Груби на вчерашната свеченост воопшто не го демантираше изборот на подизведувачи. „Целосната надлежност […]

„Бехтел-Енка“ ја почна изградбата на автопатот Гостивар-Кичево

12 септември 2023

Со минирање на теренот кај гостиварското село Горна Бањица, денеска започна изградбата на автопатот Гостивар-Кичево на Коридорот 8. Американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ ќе го гради овој автопат, заедно со делниците Тетово-Гостивар, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола на Коридорите 8 и 10д. Трите автопати ќе бидат со должина од 110 километри. „Со почетокот на градбата на овие автопати почнува […]

Догодина видео-надзор и дигитализација на управувањето на автопатот долж Коридорот 10

9 септември 2023

Во тек е тендерот за избор на изведувач на Интелигентниот транспортен систем (ИТС) што ќе се имплементира на автопатот долж Коридорот 10, информираат за Мета.мк од Министерството за транспорт и врски. Целокупниот сообраќај од Велес до Табановце деноноќно ќе се мониторира од контролен центар преку поставување на видео-надзор долж автопатот, ќе се постави електронска сообраќајна […]

Со автопатите на „Бехтел-Енка“ се нарушени контролните точки што обезбедуваат интегритет во одлучувањето

5 септември 2023

Корумпираните актери прибегнуваат кон озаконување на коруптивната пракса за да осигурат дека дури и со непредвидлива иднина ќе ја избегнат правдата. Или накратко, од злоупотреба на воспоставени правила, корупцијата се преместува во доменот на воспоставување правила. Ова е еден од заклучоците од анализата на Институтот за демократија, која се фокусира на системските пропусти поврзани со […]

Автопатите на Коридорите 8 и 10д може негативно да влијаат врз шумскиот фонд

16 август 2023

Сѐ уште не постои оцена на влијанието врз животната средина за првиот дел од автопатот Гостивар-Букојчани, каде што има пространство на шума. Заради недоволната јасност и прецизност на одредбите од Законот за животната средина, се поставува прашањето дали воопшто е започнат процесот за оцена на влијанието на делницата Гостивар-Букојчани. Ова се дел од заклучоците на […]

Од 1 јули патарините во Македонија и Србија ќе може да се плаќаат со еден таг

29 јуни 2023

Системот за заедничка електронска наплата на патарина на автопатите во Македонија и Србија ќе започне да се имплементира од 1 јули годинава, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта. Со овој потег, возачите веќе нема да треба да застануваат и да купуваат додатни уреди или картички во друга земја, туку со еден уред ќе можат […]

Се реконструира автопатот Неготино-Демир Капија, возилата се движат по стариот пат

5 јуни 2023

До април наредната година ќе се реконструира автопатот Неготино-Демир Капија во должина од 15 километри. Делницата во правец од Гевгелија кон Скопје е затворена за сообраќај веќе неколку недели, а возачите се пренасочуваат на стариот пат меѓу Демир Капија и Неготино. Проектот за рехабилитација чини 9 милиони евра, а средствата се обезбедени од Јавното претпријатие […]

Почнаа геомеханичките испитувања за изградба на автопатите на Коридорот 8

1 јуни 2023

Со активности за геомеханичко испитување на земјиштето каде ќе минува алтернативниот пат на автопатот Тетово-Гостивар денеска на терен започнаа со реализација теренските градежни работи за изградба на автопатите на Коридорот 8. На настанот присуствуваа вицепремиерот Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми. Сите тие […]

Ковачевски на камен-темелник за Коридорот 10-д: Доста беше зборување, да се фатиме за работа

12 мај 2023

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Прилеп присуствуваше и се обрати на настанот по повод означување на почетокот на реализацијата на автопатската делница Прилеп-Битола, како дел од активностите за изградба на Коридорот 10-д. Вицепремиерот Артан Груби, овојпат облечен во бела маица на која е отпечатен бројот на Коридорот 10-д, рече: „Подгответе се и качете се сите […]

Со кавги започна комисиската расправа за петте предлог-закони со ЕУ знаменце

11 мај 2023

Започна расправата во собраниската Комисија за европски прашања за петте предлог-закони кои Владата ги достави до Собранието со „европско знаменце“. Пратениците од власта и опозицијата уште на првата точка, во однос на предложените измени и дополнувања на Законот за работни односи, жестоко се искараа. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во своето обраќање пред комисијата рече […]

Немаме автопат, но на Коридорот 8 имаме повеќе возила отколку на Коридорот 10 [инфографик]

11 мај 2023

Изградбата на Коридорот 8 кон запад за Македонија во моментов е поисплатлива инвестиција од патниот Коридор 10. Податоците од автоматското и рачното броење на возилата на патните делници на овие два коридора што минуваат низ земјава покажуваат дека на патиштата од Скопје до македонско-албанската граница има поголема фреквенција на возила од патниот Коридор 10. Сепак, […]

Собранието го усвои дневниот ред на седницата, на која се разгледуваат петте владини закони со ЕУ знаменце

10 мај 2023

Собранието вечерва го усвои дневниот ред на 115-тата седница, откако претходно во претпладневните часови ја потврди потребата за носење на предложените измени на пет закони по скратена постапка, со употреба на системот на „европско знаменце“. Овие предложени законски измени Владата ги испрати до пратениците, откако претходно изминатиов петок беа усвоени на владина седница. Станува збор […]

Гир: Загриженоста за користењето европско знаменце е кога нема усогласување со европската регулатива

10 мај 2023

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир денеска реагираше дека земјава не може да го користи системот „европско знаменце“ при донесувањето на закони во Собранието, во случаи кога се усвојуваат законски решенија што не се во согласност со регулативата на ЕУ. Гир рече дека системот „европско знаменце“ при усвојувањето на закони во Собранието е дизајниран […]

Петте предлог-закони со европско знаменце од Влада стасаа во Собрание

8 мај 2023

Македонската влада ги испрати до Собранието на РСМ петте предлог-измени на законите кои ги усвои во петокот, а со кои би се зголемила ефикасноста во изградбата на инфраструктурните објекти од стратешки национален и јавен интерес. На веб-страницата на Собранието на РСМ е објавено дека овие предлог-закони со европско знаменце ќе се најдат пред пратениците на […]

Договорот со „Бехтел-Енка“ стигна до обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ реагира

5 мај 2023

Јавното претпријатие за државни патишта вчера до обвинителството го доставило потпишаниот договор за изведба и надзор над изградбата на автопати на Коридорите 8 и 10д, по доставеното барање на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. „Претходно, ЈП Државни патишта до обвинителството ги достави броевите на огласите од јавните […]

Владата до Собранието достави пет предлог закони со европско знаменце за Коридорите 8 и 10д

5 мај 2023

Владата на денешната седница усвои пет предлог закони со европско знаменце кои ќе ги достави до пратениците во Собранието, а кои се однесуваат на изградбата на инфраструктурни проекти од национален и јавен стратешки интерес, вклучувајќи ги и автопатите од Коридорите 8 и 10д. За ова денеска информираше вицепремиерот Артан Груби на прес-конференција, на која потенцираше […]

Груби: Наместо милијарда евра за стиропор и споменици, вложуваме средства во автопати

25 април 2023

Наместо 1 милијарда евра кои претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги потроши на стиропор и споменици, актуелната власт таа милијарда ќе ја даде на автопати за да ги спои граѓаните. Ова го изјави првиот вицепремиер Артан Груби на денешната конференција „Бехтел и Енка – можности, предизвици и одговорности“. Тој рече дека во неколку наврати се сретнал […]

Започнува реализацијата на договорот за изградба на Коридорите 8 и 10-д

22 април 2023

Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека од денеска започнува реализацијата на Договорот за изградба на Коридорите 8 и 10-д. Според договорот, од денеска започнуваат подготвителни работи, снимање на теренот, подоготовка на урбанистички проекти, основни проекти, со цел да се отпочнат и постапките за експропријација и проектирање. Паралелно со […]

Договорот за изградба на коридорите 8 и 10-д ќе биде презентиран пред пратениците

20 април 2023

Македонската влада информира дека претставници од Владата и членови на Комитетот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10д, вклучени во изградбата на автопатите, ќе ја презентираат документацијата и деталите од Договорот за изградба на овие два коридора, во соодветна собраниска процедура. „Целта е, пратениците да се запознаат со содржината и сите детали од Договорот […]

Брзањето на законските измени за изградба на автопатите ја отвара Пандорината кутија

18 април 2023

Скратените постапки со брзање и непрецизни законски формулации во законите кои се поврзани со изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10д би можеле да ги нарушат правилата на еднаквост и фер пристап, коишто хипотетички во иднина би можело да резултираат со евентуални тужби од други компании и плаќање на отштети од страна на државата. […]

Страна 1 од 6