fbpx

Ковачевски на камен-темелник за Коридорот 10-д: Доста беше зборување, да се фатиме за работа

Ковачевски во своето обраќање рече дека ова е проект којшто е од национален и стратешки интерес за државата, од кој придобивка ќе имаат граѓаните, економијата и државите коишто ги поврзува овој Коридор

-

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Прилеп присуствуваше и се обрати на настанот по повод означување на почетокот на реализацијата на автопатската делница Прилеп-Битола, како дел од активностите за изградба на Коридорот 10-д.

Вицепремиерот Артан Груби, овојпат облечен во бела маица на која е отпечатен бројот на Коридорот 10-д, рече: „Подгответе се и качете се сите на овој воз што вози кон Брисел и кој никој нема да го запре“.

Фото: Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците

„Ова парламентарно мнозинство, оваа владина коалиција од минатиот петок, па до денес, демонстрира што значи да се стави крај на апсолутната блокада и заложништво на иднината на граѓаните. Дојден е крај на заложништвото и блокадата. Така и од денес, при изградбата на овие најголеми инфраструктурни проекти во историјата на нашата земја, упатувам порака дека е дојдено време од денес да ставиме крај и на
блокадата на нашето европско интегрирање“, изјави Груби.

На настанот беа присутни и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, в.д. амбасадорот на САД, Ерик Мајер, амбасадорот на Турција, Хасан Мехмет Секизќок, како и претседателот на „Бехтел и Енка“ за Европа, Африка и Блискиот Исток, Џастин Сиберел.

Ковачевски во своето обраќање рече дека ова е проект којшто е од национален и стратешки интерес за државата, од кој придобивка ќе имаат граѓаните, економијата и државите коишто ги поврзува овој Коридор.

„Изведбата на делницата Прилеп-Битола, како дел од Коридорот 10-д, во должина од 40 километри, заедно со автопатските делници од Коридорот 8, претставуваат најголема капитална инвестиција во нашата земја, која ќе биде пресвртница во развојот на нашата држава. Инвестиција, со чијашто реализација нашата држава конечно од кружен тек на Балканот станува вистинска крстосница на Балканот. Инвестиција, со која што Северна Македонија ја позиционираме на економската и инфраструктурната карта на Европа. Тоа што беше многугодишна стратешка определба на многу влади, оваа Влада денес го реализира“, рече Ковачевски.

Фото: Влада на РСМ

Тој вели дека за првпат, преку модерна инфраструктура, после 30 години се поврзуваме со исток и запад, се поврзуваме со нови пристаништа во Драч и во Бургас и ги зајакнуваме транспортните врски со регионот.

„Придобивките од изградбата на овој проект се огромни и од повеќе аспекти. Изградбата на коридорите 8 и 10-д значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП од 2% годишно во наредните пет години. Паралелно, со реализацијата на овој проект, се отвораат можности за нови бизниси, изградба на нови објекти од различни дејности, бензински пумпи, ресторани, хотели, одморалишта, деловни објекти. Тоа се можности за отворање на нови работни места, за вработување на жителите од регионите каде што ќе поминуваат автопатските делници од коридорите“, рече премиерот Ковачевски.

Според него, со промената на актуелните законски решенија ќе се обезбеди побрзо и поквалитетно изведување на коридорите, но и на сите идни стратешки проекти. Законските измени се предвидени и за патната и за железничката и за енергетската инфраструктура од стратешко значење за државата.

„Слободно движење не постои без изградба на коридори. Верувам дека овие цели за нас се достижни, затоа што нема недостижна цел“, рече Ковачевски, а го заврши своето обраќање со зборовите:

„Сакам да им порачам и на Министерството за транспорт и врски и на Јавното претпријатие за државни патишта и на „Бехтел и на Енка“, другари и другарки, дами и господа – да се фатиме за работа, доста беше зборување“.

На 4 април годинава, почнаа градежните работи за изградба на Коридорот 8.

Ковачевски: За прв пат како држава се поврзуваме кон запад и исток, а не само на оската север-југ

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...