fbpx

Почнаа геомеханичките испитувања за изградба на автопатите на Коридорот 8

Артан Груби информираше дека паралелно течат и процесите на проектирање, изработка на елаборати за експропријација на земјиштето и мобилизација на фирми кои ќе бидат вклучени во изградбата на автопатот

-

Со активности за геомеханичко испитување на земјиштето каде ќе минува алтернативниот пат на автопатот Тетово-Гостивар денеска на терен започнаа со реализација теренските градежни работи за изградба на автопатите на Коридорот 8. На настанот присуствуваа вицепремиерот Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми.

Сите тие заедно извршија непосреден надзор над почетокот на гео-механичките истражувања што се вршат во моментот. Артан Груби информираше дека паралелно течат и процесите на проектирање, изработка на елаборати за експропријација на земјиштето и мобилизација на фирми кои ќе бидат вклучени во изградбата на автопатот.

„Новиот концепт на градење што го спроведуваме заедно со конзорциумот Бехтел и Енка е гаранција за квалитетно и побрзо реализирање на најважниот инфраструктурен проект во историјата на државата“, информираше Артан Груби.

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми рече денеска се означува  почетокот на реализацијата на геомеханичките работи на трасата на автопатот Тетово-Гостивар, како една од четирите автопатски делници што ќе се градат со Договорот за изградба на Кородор 8 и на Коридор 10-д склучен со американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“.

Рустеми потенцираше дека овој проект е многу значаен затоа што 300 километри од европскиот патен коридор поминуваат низ нашата држава и се многу важна врска во правецот Исток – Запад, која нам како држава ни овозможува поврзување со две пристаништа во Бургас и Драч.

За разлика од досегашната практика во земјава, најпрво да се избира биро што ќе ја изработува во етапи целокупната проектна документација, по чија изработка се распишуваше тендер за избор на градежна компанија што ќе го гради автопатот, со договорот со „Бехтел-Енка“, самиот конзорциум ќе го проектира автопатот, по што истиот и ќе го гради. И покрај критиките на опозицијата за избраниот модел на изградба, од владата посочија дека овој начин на изградба ќе овозможи многу побрза изведба на автопатските делници и ќе нема грешки во проектната документација како што беше случај со други инфраструктурни проекти во минатото.

„Бехтел-Енка“ ќе проектира и ќе гради, а кој сака би работел 60 часа за повеќе пари

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...