Се реконструира автопатот Неготино-Демир Капија, возилата се движат по стариот пат

Автопатот во правец кон и од Грција ќе се реконструира до април наредната година, а во моментов затворена за сообраќај е трасата во правец од Гевгелија кон Скопје

-

До април наредната година ќе се реконструира автопатот Неготино-Демир Капија во должина од 15 километри. Делницата во правец од Гевгелија кон Скопје е затворена за сообраќај веќе неколку недели, а возачите се пренасочуваат на стариот пат меѓу Демир Капија и Неготино. Проектот за рехабилитација чини 9 милиони евра, а средствата се обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта.

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта на Република Северна Македонија Ејуп Рустеми, беше на терен каде што е во тек рехабилитација на двете коловозни ленти на автопатската делница Демир Капија – Неготино.

„Оваа патна делница беше една од полошите патни делници на Коридорот 10, не беше рехабилитирана цели 20 години и ова беше барање на сите граѓани, особено на оние кои гравитираат во овој дел од државата“, изјави премиерот Ковачевски.

Силниот фокус кон инвестициите во инфраструктурата, рече премиерот Ковачевски, има видлив резултат, со што „ние покажавме дека парите на граѓаните и треба и може да се употребуваат одговорно и исклучиво за развојот на државата.“

„Во последните три години, односно 2020, 2021 и 2022 година, во услови на здравствена, економска и енергетска криза, вредноста на капиталните инвестиции изнесува 1,1 милијарда евра“, посочи премиерот Ковачевски.

Mинистерот за транспорт и врски Бочварски, во неговото обраќање потсети дека вложувањата во квалитетна патна врска на Коридор 10 е дел од планот за воспоставување брз, безбеден и модерен автопат.

„На овој Коридор 10 го рехабилитираме и оштетениот дел од Катланово до Петровец, а веќе започнати се подготовките и за проширување на граничниот премин Табановце. Во следна фаза овој јужен дел од автопатот ќе го издигнеме на повисоко модерно ниво, за што веќе следниот месец ќе распишеме повик за инсталација на Интелигентен транспортен систем преку кој систем ќе имаме предвидливи ситуации на самиот коловоз со што ќе ја подигнеме безбедноста на уште поголемо ниво“, изјави Бочварски.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Рустеми рече дека во програмата за оваа година предвиделе средства за рехабилитација на најоштетените делови на автопатските делници Демир Капија – Неготино и Скопје – Тетово.

„Заради безбедна изведба на работите и поради обемот којшто опфаќа целосна реконструкција, во моментов, на овој дел на автопатот имаме одобрен времен режим на сообраќај од страна на Министерството за транспорт и врски“, соопшти директорот Рустеми.

Проектот за рехабилитација на автопатската делница Демир Капија – Неготино е дел од годишната програма на Јавното претпријатие за државни патишта на Република Северна Македонија што се однесува на поправка и рехабилитација на државни патишта.

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост...

Првата антикорупционерка Димитровска осомничена во предметот „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму...

Француската агенција за развој на медиумите објави конкурс за креирање постер за борба против дезинформациите во Западен Балкан

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија...

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово...

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за...