Гир: Загриженоста за користењето европско знаменце е кога нема усогласување со европската регулатива

Она што не можете да го правите е да го користите европското знаменце кога имате закони што не се во согласност со европската регулатива или бидејќи имате процедури или проблеми во Собранието, изјави евроамбасадорот Гир

-

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир денеска реагираше дека земјава не може да го користи системот „европско знаменце“ при донесувањето на закони во Собранието, во случаи кога се усвојуваат законски решенија што не се во согласност со регулативата на ЕУ.

Гир рече дека системот „европско знаменце“ при усвојувањето на закони во Собранието е дизајниран да се користи кога треба да се усвои некој закон за усогласување на земјата со европските стандарди. Земјава, како и сите други земји кои го минале патот на пристапување кон ЕУ, морале да усвојат илјадници законски решенија за усогласување со ЕУ, а ова би окупирало голем дел од времето на пратениците ако овие закони се носат низ нормална процедура, па дури би биле потребни и децении. Затоа е дизајниран системот „европско знаменце“, објасни евроамбасадорот Гир.

„Она што не можете да го правите е да го користите европското знаменце кога имате закони што не се во согласност со европската регулатива или бидејќи имате процедури или проблеми во Собранието“, изјави евроамбасадорот Гир.

Тој додаде дека загриженоста на ЕУ е кај законите што се однесуваат на проектите што ќе ги гради „Бехтел-Енка“, а во насока на користењето на „европското знаменце“ кое е несоодветно ако нема усогласување со европската регулатива.

Гир појасни дека ако се следат извештаите на Европската комисија за напредокот во евроинтеграциите, тогаш може да се согледа дека ЕУ секоја година ги повторува коментарите дека користењето „европско знаменце“ при донесувањето на закони не треба да се користи за да се скрати процесот на консултации за законот, кога всушност нема усогласување со регулативата на ЕУ.

Инаку, владата минатиот петок на седница ги усвои петте предлог-закони за измени на Законот за работни односи, за експропријација, за урбанистичко планирање, за градење и за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10-д (делница на автопатот Прилеп– Битола). Овие предложени законски решенија беа испратени со „европско знаменце“ до Собранието на РСМ.

 

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...