Comments are closed.

Догодина видео-надзор и дигитализација на управувањето на автопатот долж Коридорот 10

До 20 септември се очекуваат понудите од компаниите заинтересирани да го имплементираат Интелигентниот транспортен систем, по што до крајот на годинава или на почетокот од 2024 година ќе следи евалуација на понудите и потпишување на договорот

-

Во тек е тендерот за избор на изведувач на Интелигентниот транспортен систем (ИТС) што ќе се имплементира на автопатот долж Коридорот 10, информираат за Мета.мк од Министерството за транспорт и врски. Целокупниот сообраќај од Велес до Табановце деноноќно ќе се мониторира од контролен центар преку поставување на видео-надзор долж автопатот, ќе се постави електронска сообраќајна сигнализација за информирање на возачите за условите на патот, ќе се постават СОС-телефони, како и системи за давање информации за временските услови на патот и за мерење на стакленичките гасови.

Од Министерството за транспорт и врски објаснуваат дека со тековниот тендер ќе се работи на трасата од патниот јазол Велес-југ до граничниот премин Богородица. До 20 септември се очекуваат понудите од компаниите заинтересирани да го имплементираат Интелигентниот транспортен систем, по што до крајот на годинава или на почетокот од 2024 година ќе следи евалуација на понудите и потпишување на договорот.

„Се очекува имплементацијата на ИТС да започне на почетокот на наредната година и да трае наредните 14 месеци, колку што е предвидениот рок за изведба. По завршување на поставувањето на опремата, истата е предвидена да се предаде на управување на Јавното претпријатие за државни патишта, како корисник и управувач со патната инфраструктура. Управувањето на ИТС на јужниот дел е предвидено да се прави од просториите во Центарот за управување на тунелот Демир Капија“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Овој систем вклучува иновативни решенија за управување со сообраќајот, првенствено за подобрување на условите за безбедност на патиштата и дигитализација на управувањето со сообраќајот, поодржлива, ефикасна и побезбедна мобилност на граѓаните.

Со видео-надзорот, електронската сигнализација и останатата опрема долж автопатот ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот, но и ќе се поттикне одржувањето и функционирањето на автопатот долж Коридорот 10, велат од Министерството за транспорт и врски.

Имплементацијата на Интелигентни транспортни системи (ИТС) на македонските патишта е една од целите наведени во Националната транспортна стратегија (2018-2030), кои треба да се реализираат во периодот до 2030 година. Во рамките на проектот за унапредување на трговијата и транспортот во земјите од Западен Балкан на Светска банка, добиени се финансиски средства за изработка на Национална стратегија за Интелигентни транспортни системи, како и за набавка, инсталација и пуштање во употреба на опремата долж Коридорот 10.

„Националната стратегија за ИТС е изработена и за нејзино усвојување е доставена Информација до Владата и се очекува истата да се усвои до крајот на месец септември“, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Досега е изработена проектната документација за поставување на ИТС долж Коридорот 10, како и за основање на Националниот центар за управување на сообраќајот што ќе биде лоциран во Петровец.

Владата работи и на обезбедување на дополнителни неповратни средства во рамките на Програмата за безбеден и одржлив транспорт преку Генералниот Директорат за добрососедска политика-ДГ НЕАР за изведба на ИТС на северниот дел на Коридор 10, на Национален центар за управување на сообраќајот и на имплементација на системите за контрола на тежината на возила, превозот на опасен товар и мерењето на загадување на воздухот долж овој коридор.

Инаку, во рамките на Националната стратегија за Интелигентни транспортни системи, предвидена е имплементација на модерната опрема и дигитални решенија за подобрување на безбедноста во сообраќајот и долж автопатите на Коридор 8 и на автопатот Миладиновци-Штип. Станува збор за среднорочна цел што е предвидена со Националната стратегија за ИТС.

Имплементацијата на Интелигентен транспортен систем на автопатот долж Коридорот 10 доцни со реализација во земјава, земајќи го во предвид фактот дека се најавува како проект уште од 2019 година. Тогашните проекции беа современиот систем да биде пуштен во употреба во 2022 година, но во меѓувреме се појави и ковид-19 пандемијата.

Од 2022 година на сите автопати ќе има „интелегентен видео надзор“

Помеѓу останатите придобивки, Интелигентниот транспортен систем ќе овозможи од контролниот центар да се следи целиот сообраќај преку видео мониторинг, полесно да се откријат прекршувачите на сообраќајни правила, побрзо и полесно да се интервенира во случај на сообраќајна несреќа, но и возачите навремено да добиваат информации на самиот автопат во однос на променетите услови за учество во сообраќајот. Исто така, со овој комуникациско – информациски систем за контрола и управување на сообраќајот се очекува да се намали и количеството на испуштен јаглерод диоксид во воздухот.

1 КОМЕНТАР

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен претрес ги...

По секоја цена да се оцрни ЕУ и да се оправда руската инвазија врз Украина

Вистиномер анализира објава на Фејсбук која вели: ЕУ ве лаже. Лаже за Романија, Молдавија и Грузија, ве излажа „Претседателот“ за вакцините против Ковид, корупцијата и трговијата со влијание. Се лаже за корумпираната украинска дикттура и војната што...

Верижен судир на скопската обиколница, повредени три лица

Три лица синоќа се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила на скопската обиколница, кај клучката Бутел кај Смилковското езеро кон Арачиново. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека...

Обид за убиство во Крива Паланка, нападната 22-годишна девојка

Јавното обвинителство вчеравечер соопшти дека е донесена наредба за спроведување истрага против 25-годишник од Крива Паланка за кој постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство во обид. Осомничениот, во семејниот дом...

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен...