петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: БезбедностВоСообраќајот | 72 резултати

Повторно се афирмира идејата за велосипедско поврзување на Охрид и Струга

јуни 2, 2023

Иницијативата за велосипедско поврзување на Охрид и Струга со пренамена на постојниот стар пат Охрид-Струга за движење исклучиво на велосипеди повторно се реафирмира. Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, на 24 јуни 2023 година организира ИПА ВЕЛО ВИКЕНД „НА ТОЧАК, ОХРИД И СТРУГА ДА ВИДАМ“. „Тоа е традиционалната, овој пат седма по ред, рекреативна велосипедска тура […]

Кражби ја прекинуваат работата на телекомандата по пругата на Коридор 10 и на патните премини

март 23, 2023

Опасни инциденти со кражби на железничката инфраструктура се случуваат во Македонија, кои предизвикуваат прекини на функционирањето на патните премини преку пругите, а во одредени случаи и ја прекинуваат работата на телекомандата, преку која се раководи сообраќајот по пругата на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија. По тешката железничка несреќа во Грција, во која животот го […]

Полицијата во еден ден со 47 санкции за автобуси што вршеле превоз на ученици

декември 3, 2022

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека во текот на вчерашниот ден (02.12.2022) во периодот од 12 до 16 часот на територијата на Република Северна Македонија била спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата […]

Возиме крш – просечната старост на автомобилите и автобусите се искачи на 19,5 години [инфографик]

август 27, 2022

По македонските патишта се вози крш од возила, чија што просечна возраст се зголемува од година во година. Нови загрижувачки податоци објави Државниот завод за статистика (ДЗС) за тоа каква била старосната возраст на возилата на крајот од 2021 година. Неславен рекорд на возниот парк е достигнат кај сите видови возила, но најзагрижувачка е состојбата […]

МВР: За еден ден изречени 295 казни за брзо возење

август 14, 2022

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден спровело засилена акциска контрола на територијата на целата земја за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 295 возачи. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно […]

Општина Карпош ќе излезе на терен, кејот на Вардар ќе биде повторно осветлен

мај 31, 2022

На кејот на Вардар во скопската општина Карпош е регистриран дефект на уличното осветлување и поради тоа велосипедската и пешачката патека се неосветлени на потегот од мостот „Обединети Нации“ до мостот кај хотелот „Александар Палас“, информираа денеска за Мета.мк од Општина Карпош. „Екипи на општина Карпош во текот на денот ќе излезат на терен да […]

Кејот на Вардар во Карпош неосветлен, граѓаните навечер се рекреираат во темница [фото]

мај 30, 2022

Пешачката и велосипедската патека покрај реката Вардар во скопската општина Карпош изминативе денови воопшто не е осветлена. Граѓаните кои се рекреираат во вечерните часови се во опасност поради темницата. Со исклучок на многу мал број светилки кои работат, целата патека е неосветлена на потегот од мостот „Обединети Нации“ до мостот кај хотелот „Александар Палас“. Поради […]

РСБСП со апел до матурантите: Прославите нека поминат без сообраќајни инциденти

мај 20, 2022

„Не си фраер ако загинеш на матура!“, „Покажи ја матурата на дело!“, „На матурска прослава, без автомобил!“ се пораките кои Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ги упати до матурантите и нивните родители на почетокот од периодот на матурските прослави. Во пресрет на матурските прослави, РСБСП апелира до матурантите да не управуваат […]

Да се биде велосипедист во Скопје значи да си учесник во сообраќајот од втор ред

мај 15, 2022

Исечени столпчиња за заштита на велосипедските патеки, паркирани автомобили на просторот каде што треба да се движат велосипедистите, необележани или несоодветно обележани велосипедски патеки, неискастрени гранки од дрва што висат над патеките, контејнери за отпад на патеките и бројни шајки, стакло, песок и други опасни материи за гумите на велосипедите. Ова е грдата слика од […]

Три години затвор и три години забрана за возење доби возачот што ја прегази Викторија кај „Сити мол“

април 11, 2022

Три години затвор и три години забрана за возење доби возачот Јордан Ѓоргиев кој на 20 јануари со БМВ џип ја прегази 24-годишната Викторија Николова од Радовиш кај „Сити мол“. Судот образложи дека висината на казната за тешки дела во сообраќајот е помала од законски предвидениот минимум од 4 години за ова дело, затоа што […]

„Скопје живее во епидемија на сообраќајно насилство“: Вo среда 89-та велосипедска Критична маса

февруари 22, 2022

Велосипедистите од иницијативата „НаТочак“ во среда ќе ја возат 89-та Критична маса по улиците низ Скопје во знак на протест против пасивниот однос на локалната власт за преземање мерки за унапредување на очајната безбедност на улиците во главниот град. Возењето ќе започне во 17:30 часот од плоштад Македонија. Од оваа иницијатива велат дека „Скопје живее […]

Полицијата вчера изрекла 218 сообраќајни казни во Скопје, 12 лица фатени без возачка дозвола

февруари 12, 2022

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден на територијата на Градот Скопје изрекло вкупно 218 мерки. Притоа, 57 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 44 мерки за недавање предност на пешаци, 10 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, информираат од МВР. Само во Скопје вчера биле фатени 12 возачи […]

Порталб: Недостасува сигнализација на патот Тетово-Јажинце, за една година 110 сообраќајни несреќи

јануари 13, 2022

Сто и десет сообраќајни несреќи се регистрирани за една година на патниот правец Тетово-Јажинце, кој нема соодветна сообраќајна сигнализација. Експертите бараат поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација за да се минимизираат сообраќајните несреќи на истиот, а кој е воедно и еден од најфреквентните во регионот. Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека годинава на […]

Државата воведува рестрикции, возачите бараат поголемо осветлување на автопатот меѓу Скопје и Велес

декември 12, 2021

Граѓаните коишто патуваат на автопатот меѓу Скопје и Велес бараат властите да ја зголемат безбедноста на овој патен правец преку поставување на осветлување и соодветна сигнализација на оние делови од автопатот каде што е познато дека има одрони или “диви” локации за одмор и паркинг, од каде што се вклучуваат и исклучуваат возила на автопатот. […]

Експертите тврдат: Во земјава не постои систем за ефикасна контрола на транспортните компании

ноември 27, 2021

Контролите што се спроведуваат во превозот на патници со автобуси и комбиња не се строги, не се редовни и се без резултати. Постојат делови од различни институции кои функционираат независно едни од други, без директна поврзаност меѓу истите. Државниот инспекторат за транспорт и да има 100 инспектори, тие нема да можат ниту основните контроли да […]

РСБСП: Внимателно со возењето во есенски услови, октомври и ноември најризични за возење

октомври 29, 2021

Според статистичките податоци, месеците октомври и ноември се најризични за возење, велат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). Есенскиот период се карактеризира со пад на температурите и повеќе опасности во сообраќајот кои возачите мораат да ги имаат предвид. Тмурното време, обилните врнежи, првите мразеви, накиснатите лисја кои паѓаат на коловозите, големите […]

Синоќа се случи сообраќајна несреќа кај Соборниот храм, потешко повредено 20-годишно момче

октомври 15, 2021

Во сударот кој синоќа се случи околу 21 часот помеѓу булеварите Партизански одреди и Свети Климент Охридски во центарот на Скопје учествувале повеќе возила. Едно од возилата удрило и во споменикот на Свети Климент Охридски. Повредени се неколку луѓе, од кои едно 20-годишно момче имало потешки повреди. Покрај полицијата, интервенирала и Итната помош. Автомобил по […]

Полицијата изминатава ноќ напиша 141 казна за управување возила под дејство на алкохол

октомври 3, 2021

Само во една вечер полициските службеници фатија 141 возач кои управувале со своите возила во алкохолизирана состојба, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Во текот на вчерашната вечер (02/03.10.2021) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата […]

„НаТочак“ бара: Ако нема вело-патека, брзината на возилата да се ограничи на 30 км на час

септември 30, 2021

Граѓанската иницијатива „НаТочак“ во пресрет на одржувањето на локалните избори ги потсетува кандидатите за градоначалници низ земјава на нивното барање за воведување на „Зона 30“. Оваа мерка би значела ограничување на брзината на движење на возилата на 30 километри на час на сите улици каде што нема велосипедски и пешачки патеки. Од „НаТочак“ реагираат дека […]

Родителите да ги подучат децата за безбедноста во сообраќајот, апелира РСБСП

септември 24, 2021

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел до родителите да се вклучат во зголемување на нивото на сообраќајно образование на децата, посочувајќи дека секое незнаење има своја цена, а незнаењето во сообраќајот чини загубени човечки животи. „Почитувани родители! Да ги научиме децата како безбедно да поминат улица, да ги научиме безбедно […]

Страна 1 од 4