четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: ЈП за државни патишта | 135 резултати

Уште не се гледа крајот на експресниот пат Градско – Прилеп

30 јуни 2023

Изградбата на овој експресен пат долг 33,5 километри започна пред седум години, во време на мандатот на претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Очекувањата на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски експресниот пат Градско – Прилеп да биде изграден најдоцна до средината на 2023 година, не се остварија. Експресниот пат не е завршен, а на […]

Од 1 јули патарините во Македонија и Србија ќе може да се плаќаат со еден таг

29 јуни 2023

Системот за заедничка електронска наплата на патарина на автопатите во Македонија и Србија ќе започне да се имплементира од 1 јули годинава, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта. Со овој потег, возачите веќе нема да треба да застануваат и да купуваат додатни уреди или картички во друга земја, туку со еден уред ќе можат […]

Бочварски очекува до 10 јули да е приспособен за сообраќај автопатот на влезот од Охрид

16 јуни 2023

Најдоцна до 10 јули ќе биде приспособена за сообраќај автопатската делница од Подмоље до Охрид од страна на изведувачот. Ова го најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми беа на увид на градежните работи за изградба на автопатот на влезот од Охрид. Тој […]

Сообраќајни знаци на автопатот Миладиновци-Штип исчкртани со руски пропагандни симболи, одговорност нема

15 јуни 2023

Десетина сообраќајни знаци и опрема на автопатот Миладиновци-Штип се исчкртани со проруски пропагандни симболи. Симболот „Z“, со кој се глорифицира руската воена инвазија врз Украина и кој се најде испишан на воените возила со кои Русија ја нападна Украина, заедно со пароли од типот „Братска Русија“, од неодамна се испишани со спреј на сообраќајни знаци […]

Почнаа геомеханичките испитувања за изградба на автопатите на Коридорот 8

1 јуни 2023

Со активности за геомеханичко испитување на земјиштето каде ќе минува алтернативниот пат на автопатот Тетово-Гостивар денеска на терен започнаа со реализација теренските градежни работи за изградба на автопатите на Коридорот 8. На настанот присуствуваа вицепремиерот Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми. Сите тие […]

Немаме автопат, но на Коридорот 8 имаме повеќе возила отколку на Коридорот 10 [инфографик]

11 мај 2023

Изградбата на Коридорот 8 кон запад за Македонија во моментов е поисплатлива инвестиција од патниот Коридор 10. Податоците од автоматското и рачното броење на возилата на патните делници на овие два коридора што минуваат низ земјава покажуваат дека на патиштата од Скопје до македонско-албанската граница има поголема фреквенција на возила од патниот Коридор 10. Сепак, […]

Повторно машини на автопатот Петровец-Катланово, обновата ќе заврши годинава

13 април 2023

Обновата на автопатот Петровец-Катланово продолжи по неколкумесечна пауза. Нов изведувач за довршување на делницата, чија реконструкција започна во септември 2020 година, е турската компанија „Макимсан“. Најновото владино ветување е дека високофреквентната делница меѓу Скопје и Велес ќе биде готова до крајот на годинава. Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски […]

И покрај препораките на експертите, земјава ја одбра најскапата траса за патот Тетово-Призрен

28 октомври 2022

Владата на Северна Македонија ја одобри трасата низ која ќе треба да минува ветениот пат Тетово-Призрен. Според физибилити студијата направена во 2013 година, должината на патот треба да биде 40,6 километри и тој ќе биде поврзан со тунел долг 6,4 километри. Избраната варијанта е поскапа од таа препорачана од експертите кои ја направија анализата за […]

Ревизорите утврдија дека клучните инфраструктурни проекти се градат споро и со бројни проблеми

4 август 2022

Според заклучокот од Конечниот извештај кој денеска го објави Државниот завод за ревизија (ДЗР), во кој се анализира застојот и бавната динамика на работите на 11 стратешки инфраструктурни проекти во земјава, трошоците за проектите се зголемени поради повисока цена на чинење на изградбата од првично планираната, како и поради споредни трошоци. Дополнително, некои од договорите […]

Вистиномер: Веќе четири години како се гради експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

3 февруари 2022

Ветувањето за изградба на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка е во тек на реализација. Овој патен правец, како дел од Паневропскиот коридор 8, се наоѓа меѓу стратешките приоритети и високо нa агендата во многу изборни програми на политичките партии и на досегашните влади, но неговата изградба постојано се пролонгираше. Договорот за заемот од Светска банка за […]

Порталб: Недостасува сигнализација на патот Тетово-Јажинце, за една година 110 сообраќајни несреќи

13 јануари 2022

Сто и десет сообраќајни несреќи се регистрирани за една година на патниот правец Тетово-Јажинце, кој нема соодветна сообраќајна сигнализација. Експертите бараат поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација за да се минимизираат сообраќајните несреќи на истиот, а кој е воедно и еден од најфреквентните во регионот. Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека годинава на […]

Клучните инфраструктурни проекти лани заглавија во лавиринтите од тендери и администрација

8 јануари 2022

Изминатата 2021 е година што ја одбележа понатамошниот развој на патниот сообраќај, како и уназадување на железницата во земјава. Исто така, изминатата година може да се окарактеризира како период во којшто клучните инфраструктурни проекти во Македонија заглавија во лавиринтите на тендери и административни процедури. Меѓународниот тендер за изградба на пругата кон Бугарија течеше во текот […]

Обезбедени пари за изградба на првата фаза од автопатот Гостивар-Кичево

22 декември 2021

Македонија може да почне да ја гради првата фаза од автопатот Гостивар-Кичево по комплетирањето на финансиската конструкција за проектот од 130 милиони евра. По добиените неповратни средства од 20 милиони евра преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ), земјава доби кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во висина од 110 милиони евра. […]

Заврши изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш

16 декември 2021

Под времен режим на сообраќај, но пуштен во функција пред рокот за завршување на градежните работи. Новиот експресен пат Штип-Радовиш граѓаните веќе можат да го користат при патувањата. Оваа патна делница е поврзана со автопатот Миладиновци-Штип и на граѓаните од југоисточните делови од земјава значително им го намалува времето на патување и безбедноста во сообраќајот […]

Државата воведува рестрикции, возачите бараат поголемо осветлување на автопатот меѓу Скопје и Велес

12 декември 2021

Граѓаните коишто патуваат на автопатот меѓу Скопје и Велес бараат властите да ја зголемат безбедноста на овој патен правец преку поставување на осветлување и соодветна сигнализација на оние делови од автопатот каде што е познато дека има одрони или “диви” локации за одмор и паркинг, од каде што се вклучуваат и исклучуваат возила на автопатот. […]

Почна асфалтирањето на автопатот Скопје-Блаце, догодина ќе се гради втората фаза

15 ноември 2021

Првата фаза од автопатската делница Скопје-Блаце готова до половина, извести Министерството за транспорт. Околу 48 проценти во моментов се завршените градежни работи, на потегот од граничниот премин „Блаце“ до клучката кај селото Блаце. На овој автопат веќе започнаа асфалтерските работи на трасата, а се изведуваат и ископи, канали и бетонирање на други објекти, истакнаа министерот […]

Владата го прифати Анексот за автопатот Кичево – Охрид, рокот продолжен до крајот на 2023 година

18 август 2021

На вчерашната седница Владата го прифатила текстот на Анекс бр. 5 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited, според кој се утврдува рокот за завршување на работите на оваа делница на 31.12.2023 година, без никакви дополнителни финансиски импликации по Буџетот на Република […]

Рокот за изведба на автопатот Кичево-Охрид измина, анексот со кинески „Синохидро“ допрва ќе оди во Собрание

3 јули 2021

На 30 јуни годинава измина вториот зададен рок за завршување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид на патниот Коридор 8. Дополнителниот анекс на договорот за продолжување на изградбата на оваа автопатска делница допрва ќе оди во Собранието на РСМ на усвојување кај пратениците. „Мета.мк“ во понеделникот до Јавното претпријатие за државни патишта испрати прашања во однос […]

По три години изградба, пуштена во употреба првата фаза од експресниот пат Штип-Радовиш

4 јуни 2021

Првата фаза од експресниот пат Штип-Радовиш во должина од околу 23,5 километри денеска беше пуштена во употреба. По три години од почетокот на градежните работи, премиерот Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и шефот на Европската банка за обнова и развој во Македонија, Андри Аранитаси, присуствуваа на отворање на патот, […]

За 200.000 бесплатни картички за патарини за српските туристи ќе издвоиме 2,8 милиони евра

26 мај 2021

Како што вети македонската влада уште за време на пристигнувањето на донираните вакцини против ковид-19 од Србија, државјаните на оваа соседна земја летово ќе бидат ослободени од плаќање патарина на македонските автопати. Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои информацијата изготвена од Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски за […]

Страна 1 од 7