Бочварски очекува до 10 јули да е приспособен за сообраќај автопатот на влезот од Охрид

Директорот на ЈП за државни патишта Рустеми вели дека градежната и туристичката сезона се поклопуваат, па затоа повикува на малку трпение од страна на сите

-

Најдоцна до 10 јули ќе биде приспособена за сообраќај автопатската делница од Подмоље до Охрид од страна на изведувачот. Ова го најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми беа на увид на градежните работи за изградба на автопатот на влезот од Охрид.

Тој се надева дека за главниот дел од туристичката сезона во Охрид ќе биде оспособена автопатската траса и е убеден дека сите треба да дадат поддршка за еден ваков прогрес и работа на терен.

Директорот на ЈП за државни патишта Рустеми вели дека градежната и туристичката сезона се поклопуваат, па затоа повикува на малку трпение од страна на сите.

„Со министерот Бочварски сакавме и лично да се увериме во започнатото асфалтирање кај Подмоље на делот од автопатот Кичево-Охрид и уште еднаш да побараме од изведувачот да ги заврши работите во предвидениот рок. Сега откако се решени преку 3.500 предмети помеѓу државата и граѓаните на целата траса на изградба на автопатот Кичево – Охрид, откако Јавното претпријатие за државни патишта направи дури 72 препроектирања, проектирање на клучки кои не беа предвидени, да репроектира најголем дел од косините, но и да реши многу имотно правни проблеми и експропријации, имаме засилена динамика на градежни активности“, изјави Рустеми.

Тој потенцираше дека градежните компании коишто работат на сите наши патишта зависат од доброто време и од условите за работа.

„Ударна сезона за градење е пролет – лето – есен, а дождливата пролет, како оваа, претставува проблем и ги успорува градежните активности затоа што најголемиот дел од нив се одвиваат само на суво време. Сакаме обновени и рехабилитирани патишта насекаде низ државата, а уште повеќе низ нашите познати туристички места“, вели Рустеми.

Инаку, Општина Охрид заедно со Хотелската асоцијација на Македонија, угостителите, туроператорите и туристичките агенции пред неколку дена доставија барање до владата градежните работи да се насочат на друга точка, а од септември да продолжи изградбата на трасата меѓу Подмоље и Охрид.

Општина Охрид со угостителите бараат автопатот Подмоље-Охрид да се гради од септември

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за здравство. Операцијата...

Што е Европскиот мировен фонд преку кој РСМ доби десетици милиони евра помош за Армијата?

Советот на ЕУ на 25 април усвои мерка за помош во вредност од 15 милиони евра во рамките на Европскиот мировен фонд (EPF). Целта е да се зајакнат одбранбените капацитети и...

Трамп и Зеленски разговараа во базиликата „Свети Петар“ пред погребот на папата Франциск

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово разговараа за војната во Украина, во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, неколку минути пред почетокот на погребната миса за папата Франциск,...

Почина повредениот во вчерашната вооружена престрелка на Бит Пазар

Лицето кое вчера беше повредено во вооружена престрелка меѓу две лица во Дуќанџик на Бит Пазар, им подлегнало на повредите, потврдија во Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за А.С.,...

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за...