Општина Охрид со угостителите бараат автопатот Подмоље-Охрид да се гради од септември

Сите учесници на состанокот, со исклучок на СВР Охрид, го потпишаа барањето до Владата на РСМ и Министерството за транспорт и врски за да се одложат градежните работи меѓу Подмоље и Охрид за во септември

-

Изградбата на автопатот од Подмоље до Охрид и пренасочувањето на сообраќајот на стариот пат Охрид-Струга денеска ги собра на состанок охридскиот градоначалник Кирил Пецаков со претставници на Хотелската асоцијација на Македонија, угостителскиот еснаф од Охрид, туроператори, туристички агенции, СВР Охрид и стручните служби при Општина Охрид.

Сите учесници на состанокот, со исклучок на СВР Охрид, го потпишаа барањето до Владата на РСМ и Министерството за транспорт и врски за да се одложат градежните работи меѓу Подмоље и Охрид за во септември.

„До ова барање се дојде имајќи предвид дека не станува збор за последни километри за изградба од автопатската делница, па така градежните активности може да се насочат на друга точка, а од септември да продолжат на оваа“, се наведува во барањето, додавајќи дека ваквиот потег бил погубна одлука бидејќи со тоа значајно ќе се намалел бројот на гости кои што ќе престојуваат во Охрид.

Инаку, од Министерството за транспорт и врски уште пред два дена напоменаа дека нема да дозволат опструкции за да се блокира реализацијата на автопатот Кичево-Охрид. Од централната власт велат дека реакцијата на градоначалникот Пецаков е несфатлива и доаѓа од градоначалник од политичката партија која оставила хаос на истиот автопат, а сега истите тие грчевито се борат тој автопат да не се изгради.

Крајниот рок за изведба на автопатот Кичево-Охрид е 31 декември 2023 година. Кинеската компанија Синохидро до овој датум треба да ја доврши изградбата на целата траса меѓу двата града. Од ЈП за државни патишта во неколку наврати претходно најавија дека пуштањето во употреба на автопатот кој се гради уште од 2014 година ќе се одвива етапно.

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за донесување на...

Српската полиција физички се пресмета со студентите во Нови Сад

Денеска пред Факултетот за спорт и физичко воспитување во Нови Сад ескалираше тензијата кога група студенти во блокада и граѓани кои протестираат веќе подолг период, го блокираа влезот на факултетот, спречувајќи...

Јавното обвинителство ги поканува на средба претставниците на семејствата кои утре ќе излезат на „Маршот на Ангелите“

Јавното обвинителство ги поканува на средба сите претставници на семејствата на жртвите кои настрадаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во текот на утрешниот најавен протест. Од обвинителството на средбата би сакале...

На 25 мај хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани

Оваа година, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус ќе го одбележат „Денот на Европа“ со организирање на хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани, информираат оттаму. - „На...

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за...