понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Синохидро | 40 резултати

ВМРО-ДПМНЕ како апостол на кинески „Синохидро“, ги бранат за автопатот Кичево-Охрид

ноември 8, 2023

По најавите на премиерот Димитар Ковачевски за можно раскинување на договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ деновиве застана во одбрана на кинеската компанија „Синохидро“, која што беше избрана како изведувач токму од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во вчерашното гостување на „Сител“ вината за недовршување на автопатот ја […]

Ревизија за автопатот Кичево-Охрид, како и препроектирање на 11 нови свлечишта

ноември 6, 2023

Откако премиерот Димитар Ковачевски минатата недела најави, Министерството за транспорт и врски денеска потврди дека ќе се изврши ревизија во однос на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, но и дека ќе се бара чаре за решавање на проблемот со 11 нови свлечишта кои се имаат појавено долж целата траса и кои ќе треба допрва да се […]

Застаре и „Траекторија“ за кинеските автопати – уште еден случај жртва на измените во Кривичниот законик

ноември 3, 2023

Поради измените во Кривичниот законик, застаре уште еден предмет кој го водеше Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Станува збор за случајот „Траекторија“, кој се однесуваше на постапката за избор на кинеската компанија „Синохидро“ за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Обвинети во овој предмет беа експремиерот Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, […]

Ковачевски: Можно е раскинување на договорот со „Синохидро“ за автопатот Кичево-Охрид

ноември 2, 2023

Недозволиво е пратениците во Собранието уште еднаш да разгледуваат продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, кој се гради веќе десетта година и треба да се размислува во насока на раскинување на договорот со кинескиот изведувач, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на пуштањето во употреба на обновениот пат Подмоље – Струга – […]

Бочварски очекува до 10 јули да е приспособен за сообраќај автопатот на влезот од Охрид

јуни 16, 2023

Најдоцна до 10 јули ќе биде приспособена за сообраќај автопатската делница од Подмоље до Охрид од страна на изведувачот. Ова го најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми беа на увид на градежните работи за изградба на автопатот на влезот од Охрид. Тој […]

Општина Охрид со угостителите бараат автопатот Подмоље-Охрид да се гради од септември

јуни 12, 2023

Изградбата на автопатот од Подмоље до Охрид и пренасочувањето на сообраќајот на стариот пат Охрид-Струга денеска ги собра на состанок охридскиот градоначалник Кирил Пецаков со претставници на Хотелската асоцијација на Македонија, угостителскиот еснаф од Охрид, туроператори, туристички агенции, СВР Охрид и стручните служби при Општина Охрид. Сите учесници на состанокот, со исклучок на СВР Охрид, […]

Скапо го враќаме кредитот за изградба на автопатите, Кина остана во земјава да гради и со европски пари

август 20, 2022

Северна Македонија зеде кредит од кинеската Ексим банка за изградба на автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип, при што во моментов скапо ги враќа ратите од кредитот поради рекордното зајакнување на американскиот долар во однос на македонскиот денар. Во меѓувреме, по повеќе од осум години и шест месеци од почетокот на градежните работи, […]

Владата го прифати Анексот за автопатот Кичево – Охрид, рокот продолжен до крајот на 2023 година

август 18, 2021

На вчерашната седница Владата го прифатила текстот на Анекс бр. 5 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited, според кој се утврдува рокот за завршување на работите на оваа делница на 31.12.2023 година, без никакви дополнителни финансиски импликации по Буџетот на Република […]

Кинески „Синохидро“ и австриски „Штрабаг“ ја презедоа изградбата на патот Градско-Прилеп

јули 22, 2021

По подолготрајниот застој и проблеми, продолжува изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп на патниот Коридор 10д. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска извршија увид во градежните работи. Првата фаза од Градско до Дреново е со должина од 15,5 километри и вредност од 24,7 милиони […]

Рокот за изведба на автопатот Кичево-Охрид измина, анексот со кинески „Синохидро“ допрва ќе оди во Собрание

јули 3, 2021

На 30 јуни годинава измина вториот зададен рок за завршување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид на патниот Коридор 8. Дополнителниот анекс на договорот за продолжување на изградбата на оваа автопатска делница допрва ќе оди во Собранието на РСМ на усвојување кај пратениците. „Мета.мк“ во понеделникот до Јавното претпријатие за државни патишта испрати прашања во однос […]

Кинески „Синохидро“ и австриски „Страбаг“ ќе го довршуваат експресниот пат Градско-Прилеп

мај 29, 2021

Претстојново лето ќе продолжи изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп, каде што месеци наназад не се одвиваа никакви градежни работи поради тоа што претходните компании-изведувачи ја напуштија трасата и ги оставија делниците недовршени. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес-конференција информираше дека за најновите активности околу продолжување на изградбата на овој експресен пат. […]

Автопатот Кичево-Охрид нема да поскапува, новиот рок за завршување е почетокот на 2024 година

мај 21, 2021

Нема да има ново поскапување на автопатот Кичево-Охрид, но затоа ќе има второ пробивање на рокот за неговото пуштање во употреба. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска извршија увид во изведбата на автопатската делница долга 57 километри. Министерот Бочварски ги отфрли шпекулациите […]

До крајот на мај ќе се преговара со „Синохидро“ за крајниот рок за довршување на автопатот Кичево-Охрид

април 29, 2021

Јавното претпријатие за државни патишта преговара со кинеската компанија „Синохидро“ околу новиот анекс со којшто ќе се продолжи рокот за изведба на автопатот Кичево-Охрид. Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми денеска информираше дека очекува кон средината на мај да биде договорен анексот, којшто потоа треба да биде усвоен од Владата и од Собранието. […]

Автопатот Кичево-Охрид по втор пат ќе го пробие рокот за изведба, се прават анализи за колкав период

март 18, 2021

Јавното претпријатие за државни патишта подготвува опсежни анализи за продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид. Веќе е извесно дека по втор пат ќе биде пробиен крајниот датум во чии рамки кинеската компанија „Синохидро“ како изведувач на работите требаше да ја заврши изведбата на автопатот долг 57 километри и вреден речиси 600 милиони евра. […]

Се прават анализи колку ќе трае изградбата на автопатот Кичево-Охрид и по јуни 2021 година

ноември 23, 2020

Јавното претпријатие за државни патишта во моментов работи на анализа за тоа колкав период би се продолжил рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид на Коридорот 8. Сегашниот рок за негово завршување е 30 јуни 2021 година, но веќе е извесно дека по целата автопатска делница долга 57 километри нема да може да се вози на […]

Пуштен во сообраќај експресниот пат Штип – Крупиште долг 14,3 километри

јули 14, 2020

Јавното претпријатие за државни патишта информира дека делницата Штип – Крупиште од вчера е пуштена за сообраќај, со задолжително почитување на одобрениот времен режим и поставената патна сообраќајна сигнализација. Станува збор за прва фаза од изградбата на експресниот пат Штип – Кочани, која е долга 14,3 километри и за чија изградба се издвоија 20,2 милиони […]

Летото дојде, првите километри од автопатот Кичево – Охрид допрва ќе се пуштаат во употреба (галерија)

јуни 19, 2020

Новата летна сезона е пред самиот праг, а првите километри од автопатот Кичево – Охрид сè уште не се ставени во функција за возачите. Најавите на државните власти беа дека годинава ќе возиме по првите десетина километри од овој автопат на потегот од Врбјани до Охрид, на којшто потег всушност има и најголема фреквенција на […]

Нов кредит од 180 милиони долари за автопатот Кичево – Охрид и надеж дека ќе биде последен

ноември 22, 2019

По промената на подизведувачите и отпочнувањето со препроектирање на оние сегменти што се покажаа како изоставени или неизводливи за градба, автопатот Кичево – Охрид вчера од Собранието доби амин и за ново задолжување на државата од 180 милиони долари за завршување на делницата долга 57 километри. Пратениците од власта и опозицијата го поддржаа законот, со […]

Автопат Кичево – Охрид: Од идеја до 600 милиони евра долг (хронологија)

октомври 26, 2019

Три и пол години доцнење во изведбата на проектот и негово поскапување за над 180 милиони евра е краткиот пресек од досегашната изградба на автопатот Кичево – Охрид. „Најголемата инфраструктурна инвестиција во земјава во последните пет децении“, помпезна најава искажана лично од поранешниот премиер Никола Груевски, претворена е во проект кој опасно придонесува за натамошен […]

Завршени 75 отсто од градежните работи на автопатот Кичево – Охрид

октомври 21, 2019

Првите километри од автопатот Кичево – Охрид ќе бидат пуштени во употреба наредната година, додека целокупниот проект е предвидено да се заврши до 30 јуни 2021 година како краен рок за изведба на автопатот. Вкупниот прогрес на градежните работи на делницата во моментов е 75,42 отсто, а пробиени се околу 96 отсто од трасата. По […]

Страна 1 од 2