вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: автопат Кичево-Охрид | 56 резултати

Ковачевски: Анексот за изградба на Кичево-Охрид мора помине низ Собрание

10 јануари 2024

Премиерот Димитар Ковачевски денеска информираше дека за било каков анекс за продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид од кинеската компанија „Синихидро“ ќе мора да се изјасни Собранието. Тој додаде дека било каков договорен анекс со „Синохидро“ мора да биде одобрен во Собранието на РСМ, бидејќи овој автопат се прави со договор кој претставува […]

Кинески „Синохидро“ ќе продолжи да го гради автопатот Кичево-Охрид

28 декември 2023

Ноемвриските најави на премиерот Димитар Ковачевски оти е можно да се раскине договорот со кинеската компанија „Синохидро“ за изградбата на автопатот Кичево-Охрид не се реализираа. Владата на денешната седница сепак одлучи да потпише анекс на договорот со изведувачот за да се продолжи рокот за изведба на градежните работи, но притоа нема да има ново финансиско […]

Се чека извештај за автопатот Кичево-Охрид, а потоа ќе има одлука за „Синохидро“

18 декември 2023

Владата допрвo ќе донесе одлука дали кинеската компанија „Синохидро“ ќе продолжи да го гради автопатот Кичево-Охрид, а министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски уверува дека овој проект ќе биде завршен. Во текот на неделава треба да биде доставен извештајот на надзорниот орган и извештајот од ФИДИК-експертите до Јавното претпријатие за државни патишта и до […]

ВМРО-ДПМНЕ како апостол на кинески „Синохидро“, ги бранат за автопатот Кичево-Охрид

8 ноември 2023

По најавите на премиерот Димитар Ковачевски за можно раскинување на договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ деновиве застана во одбрана на кинеската компанија „Синохидро“, која што беше избрана како изведувач токму од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во вчерашното гостување на „Сител“ вината за недовршување на автопатот ја […]

Контраспин: Уште ќе го возиме стариот пат до Охрид, власта допрва ќе барала нов изведувач

7 ноември 2023

Автопатот Кичево-Охрид навистина се гради речиси една деценија и после безброј анекси и ветувања сѐ уште се возиме по гужвите по стариот пат. Само, неразбирливо е зошто дури сега премиерот реши да бара ревизија на проектот и раскинување на договорот со изведувачот, кинеската компанија „Синохидро“. Зарем сега, неколку месеци пред избори ги забележа „дупките на […]

Ревизија за автопатот Кичево-Охрид, како и препроектирање на 11 нови свлечишта

6 ноември 2023

Откако премиерот Димитар Ковачевски минатата недела најави, Министерството за транспорт и врски денеска потврди дека ќе се изврши ревизија во однос на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, но и дека ќе се бара чаре за решавање на проблемот со 11 нови свлечишта кои се имаат појавено долж целата траса и кои ќе треба допрва да се […]

Застаре и „Траекторија“ за кинеските автопати – уште еден случај жртва на измените во Кривичниот законик

3 ноември 2023

Поради измените во Кривичниот законик, застаре уште еден предмет кој го водеше Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Станува збор за случајот „Траекторија“, кој се однесуваше на постапката за избор на кинеската компанија „Синохидро“ за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Обвинети во овој предмет беа експремиерот Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, […]

Ковачевски: Можно е раскинување на договорот со „Синохидро“ за автопатот Кичево-Охрид

2 ноември 2023

Недозволиво е пратениците во Собранието уште еднаш да разгледуваат продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, кој се гради веќе десетта година и треба да се размислува во насока на раскинување на договорот со кинескиот изведувач, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на пуштањето во употреба на обновениот пат Подмоље – Струга – […]

Бочварски очекува до 10 јули да е приспособен за сообраќај автопатот на влезот од Охрид

16 јуни 2023

Најдоцна до 10 јули ќе биде приспособена за сообраќај автопатската делница од Подмоље до Охрид од страна на изведувачот. Ова го најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми беа на увид на градежните работи за изградба на автопатот на влезот од Охрид. Тој […]

Општина Охрид со угостителите бараат автопатот Подмоље-Охрид да се гради од септември

12 јуни 2023

Изградбата на автопатот од Подмоље до Охрид и пренасочувањето на сообраќајот на стариот пат Охрид-Струга денеска ги собра на состанок охридскиот градоначалник Кирил Пецаков со претставници на Хотелската асоцијација на Македонија, угостителскиот еснаф од Охрид, туроператори, туристички агенции, СВР Охрид и стручните служби при Општина Охрид. Сите учесници на состанокот, со исклучок на СВР Охрид, […]

Автопатот Кичево-Охрид напредува со чекор на желка, по еден километар годишно

25 јануари 2023

Премиерот Димитар Ковачевски деновиве на социјалните мрежи во пропагандно видео, во чиј опис стои дека „во последните пет години се изградени 1.300 километри нови патишта“, меѓу другото се пофали и дека е изграден автопатот Кичево – Охрид долг 57 километри. Но, реалноста е поинаква, од автопатот што изминативе девет години го градеа три влади, една […]

Инфраструктурата во 2022: Многу отпочнати проекти, малку од нив завршени навреме

29 декември 2022

Значителна е бројката на проекти од патната, железничката и гасоводната инфраструктура кои се започнати со реализација на терен, но во изминатава година остана проблемот со непочитувањето на роковите за изведба и доцнењата со пуштање во употреба на инфраструктурните објекти. Како завршени проекти од власта во 2022 година може да се сметаат изведбата на втората фаза […]

Скапо го враќаме кредитот за изградба на автопатите, Кина остана во земјава да гради и со европски пари

20 август 2022

Северна Македонија зеде кредит од кинеската Ексим банка за изградба на автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип, при што во моментов скапо ги враќа ратите од кредитот поради рекордното зајакнување на американскиот долар во однос на македонскиот денар. Во меѓувреме, по повеќе од осум години и шест месеци од почетокот на градежните работи, […]

Вистиномер: Не се пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево-Охрид

6 јануари 2022

Во продолжение пренесуваме анализа на „Вистиномер“ на ветување за автопатот Кичево-Охрид: Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на почетокот на декември минатата година, на прес-конференција за Буџетот на Министерството за 2021 година, меѓу другото, кажа: Најавуваме интензивна изградба на автопатот Кичево-Охрид, очекуваме веќе следната година да ги пуштиме во сообраќај и првите 20 километри. […]

Владата го прифати Анексот за автопатот Кичево – Охрид, рокот продолжен до крајот на 2023 година

18 август 2021

На вчерашната седница Владата го прифатила текстот на Анекс бр. 5 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited, според кој се утврдува рокот за завршување на работите на оваа делница на 31.12.2023 година, без никакви дополнителни финансиски импликации по Буџетот на Република […]

Рокот за изведба на автопатот Кичево-Охрид измина, анексот со кинески „Синохидро“ допрва ќе оди во Собрание

3 јули 2021

На 30 јуни годинава измина вториот зададен рок за завршување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид на патниот Коридор 8. Дополнителниот анекс на договорот за продолжување на изградбата на оваа автопатска делница допрва ќе оди во Собранието на РСМ на усвојување кај пратениците. „Мета.мк“ во понеделникот до Јавното претпријатие за државни патишта испрати прашања во однос […]

Автопатот Кичево-Охрид нема да поскапува, новиот рок за завршување е почетокот на 2024 година

21 мај 2021

Нема да има ново поскапување на автопатот Кичево-Охрид, но затоа ќе има второ пробивање на рокот за неговото пуштање во употреба. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска извршија увид во изведбата на автопатската делница долга 57 километри. Министерот Бочварски ги отфрли шпекулациите […]

До крајот на мај ќе се преговара со „Синохидро“ за крајниот рок за довршување на автопатот Кичево-Охрид

29 април 2021

Јавното претпријатие за државни патишта преговара со кинеската компанија „Синохидро“ околу новиот анекс со којшто ќе се продолжи рокот за изведба на автопатот Кичево-Охрид. Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми денеска информираше дека очекува кон средината на мај да биде договорен анексот, којшто потоа треба да биде усвоен од Владата и од Собранието. […]

Воведувањето електронска наплата на патарина на Коридор 8 чека на изработка на проектната документација

12 април 2021

Без конкретен рок кога ќе отпочне изведбата, но со најава дека се чека на изработка на проектната документација е планот за воведување на електронска наплата на патарина на наплатните станици долж патниот Коридор 8 и на автопатот Миладиновци-Штип. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека најпрво треба да се изработи проектната документација, […]

Автопатот Кичево-Охрид по втор пат ќе го пробие рокот за изведба, се прават анализи за колкав период

18 март 2021

Јавното претпријатие за државни патишта подготвува опсежни анализи за продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид. Веќе е извесно дека по втор пат ќе биде пробиен крајниот датум во чии рамки кинеската компанија „Синохидро“ како изведувач на работите требаше да ја заврши изведбата на автопатот долг 57 километри и вреден речиси 600 милиони евра. […]

Страна 1 од 3