недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: автопат Кичево-Охрид | 58 резултати

„Гранит“ наместо „Трансмет“ ќе го догради автопатот Кичево – Охрид

јули 17, 2019

Скопски „Гранит“ ќе продолжи со изградбата на автопатот Кичево – Охрид онаму каде што запре фирмата „Трансмет“ на Сеад Кочан. Вредноста на неизвршените работи изнесува 54.442.364 евра. „ГД Гранит АД Скопје потпиша договор за отстапување на подизведувачките договори од Конзорциумот „Трансмет“ ДОО и „Херинг ДД Широки Бријег“ за изведување на Автопат Кичево – Охрид“, се […]

Автопатот Кичево – Охрид ќе се гради забрзано – Кинезите дадоа амин и 380 милиони евра

јули 17, 2019

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид забрзано ќе продолжи во наредниов период, а половина од делницата во делот меѓу селото Врбјани и Охрид ќе се направи напор да се заврши следната година. Ова денеска го потврди министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој посочи дека кинеската Ексим банка им ставила на располагање на македонските […]

Преку патарините плаќаме за кредитите, каматите и провизиите за автопатите (видео + инфографик)

јули 8, 2019

И покрај тоа што ги имаат едни од најниските плати во Европа, македонските граѓани сепак плаќаат многу скапи патарини. Надоместокот за извозен километар со автомобил изнесува 2,6 денари, а усвојувањето на новата цена на патарината во 2014 година беше оправдано од ВМРО – ДПМНЕ со тврдењето дека светската економска криза завршила и висината на надоместокот […]

Анѓушев: Спорно е финансирањето на доизградбата на автопатот Кичево – Охрид

јуни 26, 2019

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска од Охрид рече дека владата чека на одобрување нова транша од кредитот од кинеската Ексим банка за интензивирање на изградбата на автопатот Кичево – Охрид. – Тоа што се очекува сега да се случи е да продолжи кредитирањето од Ексим банка кое престана на 15 јануари. Финансирањето е […]

Првите 22 милиони евра од кинескиот кредит за автопатите треба да се платат во јули

јуни 18, 2019

Кинеската Ексим банка во јули ќе ја испорача за плаќање првата рата во висина од 22 милиони долари од кредитот за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. И двата автопати доцнеа со рокот за изведба како последица на нерешената експропријација на земјиштето и пропустите во проектната документација. Автопатот Миладиновци – Штип […]

Со заем од 15,3 милиони евра ќе се градат 3 нови патарини на автопатите

јуни 10, 2019

Распишан тендерот за изградба на 3 нови патарини и за воведување на електронска наплата на наплатните рампи долж Коридорот 8 и автопатот Миладиновци – Штип. Со заем од 15,3 милиони евра преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе се изградат патарините „Кадрифаково“ и „Преод“ на автопатот Миладиновци – Штип, како и идната патарина […]

Цела година ќе се исправаат грешките во проектот на автопатот Кичево – Охрид

јуни 3, 2019

Најдоцна за една година треба да се заврши препроектирањето на утврдените пропусти кај автопатот Кичево – Охрид. Јавното претпријатие за државни патишта го објави тендерот за докомплетирање на проектната документација за делницата долга 57 километри, за која државата за нејзината изведба ќе треба да издвои вкупно 598 милиони евра. Како што се наведува во тендерот […]

Анѓушев: Владата со анексот за автопатот Кичево – Охрид заштеди 95 милиони евра

ноември 2, 2018

Со третиот анекс-договор помеѓу Владата и кинеската компанија „Синохидро“, главниот изведувач на работите на автопатската делница Кичево-Охрид, по една година преговори, Владата заштедила 95 милиони евра, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешната прес-конференција. -Денеска на владината седница го усвоивме третиот анекс на договорот за автопатот Кичево-Охрид со кој се дефинитивно се решаваат […]

Судењето за „Траекторија“ продолжува на 4 септември

јули 12, 2018

Со преслушување на уште 20-тина „бомби“, приложени како доказ, денеска се одржа уште едно рочиште од случајот „Траекторија“, односно за изградбата на автопатите Кичево -Охрид и Миладиновци -Штип со кинески кредити, во кој обвинети се екс премиерот Никола Груевски, поранешниот вице премиер Владимир Пешевски, екс министерот Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП за државни […]

Мисајловски: Власта да продолжи веднаш со изградбата на патиштата

јули 7, 2017

Проектите од сферата на инфраструктурата почнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ се од витално значење за Република Македонија и не смеат да трпат застои или одложувања, a окрај тоа сите тие пред да почнат со градба се добро подготвени со претходни анализи и мислења, порача Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ, поранешен министер за транспорт и врски. Тој […]

Бројките што ги споменува Сугарески се лага и конструкција, реагира ВМРО-ДПМНЕ

јули 2, 2017

Министерот Горан Сугарески наместо да лиферува лажни бројки и да креира конструкции треба да ги засука ракавите и да почне да си ги врши должностите, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на министерот за транспорт и врски за пропустите во изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека бројките што ги […]

Сугарески: Пропустите на автопатот Кичево – Охрид ги чинат граѓаните 120 милиони евра

јули 2, 2017

Катастрофалните грешки и пропусти при изградбата на автопатот Кичево – Охрид предизвикуваат дополнителен трошок од 120 милиони евра – пари на граѓаните, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, од местото Извор, Кичевско, каде ги презентираше првичните резултати од анализата на состојбите и проблемите со изградбата на делницата. – Заради лошото планирање и […]

СДСМ: Проектите на ВМРО-ДПМНЕ се симбол за криминал и за корупција

јули 1, 2017

Доколку Љубен Арнаудов и неговите сопартијци навистина се грижеа за интересите на граѓаните, одамна ќе ја увидеа реалната состојба и ќе инсистираа на одговорност за промашувањата во изведбата на автопатот Кичево – Охрид, но и на одговорност за провизиите од автопатиштата за кои слушна целата јавност, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на […]

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата дека ја блокира изградбата на автопатот Кичево – Охрид

јули 1, 2017

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ги обвини СДСМ и Владата дека ја блокираат изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Арнаудов, денеска од местото Мауцкер кај Охрид, каде треба да поминува автопатот, изјави дека претходната влада ја оставила изградбата на делницата во напредна фаза, а дека сега има целосен застој без никаков сигнал за […]

Страна 3 од 3