fbpx

Се чека извештај за автопатот Кичево-Охрид, а потоа ќе има одлука за „Синохидро“

Сè уште не можеме да зборуваме за раскинување на договорот, не можеме да зборуваме за идните чекори сè додека тој извештај не биде разгледан и не биде донесена одлука од страна на Владата, изјави министерот Благоја Бочварски во однос на можноста за раскинување на договорот со „Синохидро“

-

Владата допрвo ќе донесе одлука дали кинеската компанија „Синохидро“ ќе продолжи да го гради автопатот Кичево-Охрид, а министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски уверува дека овој проект ќе биде завршен. Во текот на неделава треба да биде доставен извештајот на надзорниот орган и извештајот од ФИДИК-експертите до Јавното претпријатие за државни патишта и до Министерството за транспорт и врски, по што ќе се одлучува како ќе се доврши проектот чиј краен рок за изведба истекува на 31 декември 2023 година.

„Сè уште не можеме да зборуваме за раскинување на договорот, не можеме да зборуваме за идните чекори сè додека тој извештај не биде разгледан и не биде донесена одлука од страна на Владата“, изјави министерот Благоја Бочварски во однос на можноста за раскинување на договорот со „Синохидро“.

Во однос на новите појавени свлечишта на трасата кои се 11 на број, министерот Бочварски вели дека ќе биде потребно ново репроектирање и нови технички решенија. Тој додава дека на автопатот Кичево-Охрид се работи на оние делови каде што нема вакви проблеми, додека за свлечиштата најпрво ќе треба да се заврши репроектирањето а потоа да се даде налог за работа.

Инаку, премиерот Димитар Ковачевски уште кон крајот на октомври годинава најави дека се работи на ревизија на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, додавајќи дека рокот за завршување на проектот истекува на 31 декември и дека владата ќе мора да донесе одлука за избор на најсоодветно решение за дореализација на автопатот. Премиерот Ковачевски тогаш изјави дека е недозволиво пратениците уште еднаш да разговараат за продолжување на рокот за изведба на автопатот Кичево-Охрид и најави дека се размислува за раскинување на договорот со кинеската компанија „Синохидро“.

Ревизија за автопатот Кичево-Охрид, како и препроектирање на 11 нови свлечишта

Кинеската компанија „Синохидро“ има рок за завршување на автопатот Кичево-Охрид до 31 декември годинава. Последниот анекс за продолжување на рокот на изградбата на овој автопат беше усвоен во август 2021 година, кога владата и Собранието на оваа компанија им дадоа дополнителни месеци за неговото завршување. Првичниот рок за завршување на оваа автопатска делница беше 2018 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...