fbpx

Маричиќ: Можевме да бидеме ѕвезди минатата недела заедно со Молдавија и Украина

„Можевме, имавме шанса, да прогласиме односно да оддржиме меѓувладина седница минатата недела и да прогласиме дека сме ги отвориле сите поглавја од првиот кластер. Тоа беше нашето сценарио, тоа беше нашиот план, ние лобиравме година и половина“, рече Маричиќ

-

Оваа 2023 година, како С. Македонија имавме чиста ситуација да поентираме и да бидеме ѕвезди на оној совет минатата недела заедно со Украина и со Молдавија, но за жал, тоа не се случи. Ова денеска го истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој учествуваше на настанот со наслов „Геополитичко проширување на ЕУ: Нови можности, стари ризици?“ на темата за новиот геополитички контекст, нови можности, исти ризици, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје и ПолитикУм – Институт за одржливи и иновативни политики.

Тој се осврна за самитот во Брисел односно Европскиот совет, истакнувајќи дека самитот за Западен Балкан од минатата недела не донел апсолутно никакви изненадувања за нас.

„Јас сум изненаден кога ќе видам дека некој е изненаден од тие заклучоци. Вратете ги сите мои изјави, на премиерот на кој било владин преставник или кој било кој ја разбира Европската Унија и политиката на Европската Унија, каде што уште од јуни месец најавуваме дека ќе има отворање на преговорите за Украина и Молдавија во декември и дека ќе има свикување на меѓувладина седница за нас и Албанија доколку ги исполниме соодветните услови“, рече тој.

Вицепремиерот се осврна на важната одлука на Европската Комисија дека ова претставува крупен чекор, имајќи предвид дека до пред две години овие држави немале перспектива за членство.

„ЕУ е подготвена да разговара за проширување. Ние сме удриле многу пати во ѕидот околу ова прашање и кога сме биле во право и кога не сме биле во право. Во 2019 година имавме перфектно портфолио на реформи. Имавме неколку аплаузи околу извештајот, за демонтажата на ДБК и формирањето на нова ОТА со двотретински изгласан закон, за формирањето на Државната комисија за спречување на корупцијата базирано на заслуги. Следно донесувањето на еден сет на закони за новиот Судски совет и Законот за судови со двотретинско мнозинство“, додаде тој.

Маричиќ истакна дека оваа 2023 година, С. Македонија имала чиста ситуација да поентира и да биде ѕвезда на оној совет минатата недела заедно со Украина и со Молдавија.

„Можевме, имавме шанса, да прогласиме односно да оддржиме меѓувладина седница минатата недела и да прогласиме дека сме ги отвориле сите поглавја од првиот кластер. Тоа беше нашето сценарио, тоа беше нашиот план, ние лобиравме година и половина. Наместо тоа, за жал, не го добивме она што го планиравме само од една причина, односно немаше гласање во Собранието со двотретинско мнозинство за усвојување на уставните амандмани“, рече Маричиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...