„Бритиш петролеум“ ги прекинува пратките низ Црвеното море по напади на бродови

Хутите изминатите недели потонуваат бродови во Црвеното море кои носат гориво до Израел

Фото: Weixi Zeng, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Мултинационалниот гигант за нафта и гас „Бритиш петролеум“ (БП) установи прекин на сите пратки на нафта кои минуваат низ Црвеното море, известува Гардијан. Ваквата одлука е реакција на континуираните напади врз бродови кои носеле гориво до Израел, вклучувајќи и норвешки брод.

Нападите се извршени од страна на Хутите, исламистичките екстремисти од Јемен. Тие ги извршуваат нападите во знак на поддршка за Палестина, таргетирајќи бродови кои доставувале гориво до Израел. Досега се нападнати американски воени бродови, како и комерцијални бродови, вклучувајќи норвешки брод кој носел нафта до Израел.

Најавата на БП ја следи одлуката на пет од најголемите шпедитерски компании да се забрани пловењето на своите бродови во Црвеното море. Наместо да пловат преку Суецкиот канал, бродовите на овие компании кружат околу Африка, што ќе ги зголеми веќе големите одложувања и трошоци.

Според економскиот аналитичар Алберт Јан Сварт, петте компании заедно со шпедитерската компанија Евергрин, реализирале половина од сите пратки ширум светот.

Се очекува Соединетите Американски Држави, во соработка со околните арапски земји, да формираат нова единица за поморска заштита која ќе се справува со нападите од Хутите.