петок, 17 април, 2026
Meta.mk

Ознака: вицепремиер | 39 резултати

Димитров: Преговорите за членство во ЕУ треба да почнат веднаш

октомври 20, 2021

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска одржа заедничка прес-конференција со шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, на која беше презентиран Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2021 година, како и Пакетот за проширување. Вицепремиерот Димитров истакна дека Извештајот на ЕК за Северна Македонија […]

Николовски за одморот во Дубаи: Имам законско право на одмор, се извинувам ако пратив лоша порака

март 24, 2021

Вицепремиерот Љупчо Николовски денеска одговарајќи на новинарско прашање, потврди дека со својата сопруга бил на одмор во Дубаи и нагласи дека после 16 часа дневно работа, има законско право на одмор, а патувањето било поради работни обврски на неговата сопруга. Од оваа временска дистанца, можеби е направена грешка од наша страна што е избран Дубаи, […]

Владата ќе прави процена на интегритетот на министрите, нивните советници и надворешни соработници

јануари 11, 2021

Владата во првата половина на годинава, во соработка со УСАИД, ќе спроведе тест за проценка на интегритетот на членовите на Владата и нивните советници и надворешни соработници. Ова го најави вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски на денешната прес-конференција презентирајќи ги идните мерки од владиниот план наречен „Акција 21 – европски стандарди […]

Бочварски потврди дека сè уште се преговара за парите од неизградениот аеродром кај Штип

октомври 17, 2020

Тимот на вицепремиерот Фатмир Битиќи ги работи деталите од договорот со компанијата ТАВ, која треба да одвои пари за откажувањето на проектот за изградба на карго аеродромот кај Штип. Ова го кажа министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој очекува по постигнувањето на договорот да се одлучи како ќе се трошат овие средства. „Кога […]

Вицепремиерот Николовски најави дека ќе побара разрешување на директорката Димова

октомври 16, 2020

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски вчера најави дека ќе побара разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова по неодамнешните пишувања во медиумите за наводни злоупотреби на средства. „Директорката Лидија Димова смета дека не треба да даде оставка, но […]

Царовска ќе биде новата министерка за образование, Филипче останува министер за здравство

август 20, 2020

Еден ден по соопштувањето дека е постигнат коалицискиот договор помеѓу СДСМ и ДУИ за состав на нова Влада, партиите ги објавија имињата на функционерите кои ќе седнат на министерските столчиња. Како што најави Заев, тој ќе биде премиер наредните четири години, додека пак Артан Груби ќе биде прв вицепремиер. Во однос на министерствата, своите места […]

Од Кина пристигна помош во тестови и заштитна опрема

април 20, 2020

Вицепремиерот Бујар Османи преку Фејсбук објава информираше дека пристигнала хуманитарна помош од Кина. “Пристигна и последната пратка од кинеската помош во тестови и лична заштитна опрема. Со амбасадорот одржавме онлајн пресконференција“ – напиша Османи. https://www.facebook.com/bujar.osmani.942/videos/1245977728939461/ Вицепремиерот е во домашна изолација откако беше на средба со кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, за кој се потврди дека е […]

Садула Дураки назначен за вицепремиер во Владата

јули 5, 2019

На вчерашната 142. седница на владата, министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураки е назначен за вицепремиер во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Дураки беше сменет со „метлата“ на Заев и од министер за животна средина и просторно планирање, сега е министер во новото Mинистерство за политички систем и односи меѓу заедниците. […]

Пратениците од СДСМ ќе гласаат против зголемување на платите на вицепремиерите

јануари 28, 2019

Пратениците од СДСМ ќе гласаат против зголемувањето на платите на вицепремиерите, кога точката ќе дојде на дневен ред, порача Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Собранието. Прашан зошто се спротивставиле на предлогот точката целосно да се исфрли, тој рече оти тоа го направиле за да имаат можност […]

Почина академик Блаже Ристовски

ноември 29, 2018

На 87 годишна возраст почина академик Блаже Ристовски, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Роден е на 21 март 1931 година во кавадаречкото село Гарниково. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (на Групата за литература на народите на СФРЈ и македонски јазик), а по одбраната на докторската дисертација „Крсте П. Мисирков […]

Владата ќе менува закон за да ги утврди платите на вицепремиерите

октомври 30, 2018

Министерство за труд и социјална политика подготвува измени на Законот за плата и надоместоци на избраните и именуваните лица во Република Македонија за да може да утврди плата за вицепремиерите Кочо Анѓушев, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика. „Со донесување на Одлука У.бр.87/2017 на Уставниот суд на седницата одржана на 21 февруари […]

Во Општина Чаир утре почнува владиниот карван „Твојот глас“

август 31, 2018

Со Отворен ден во Општина Чаир утре од 13 до 18 часот, на кој граѓаните ќе може да дискутираат со вицепремиерот Бујар Османи, почнува владиниот карван разговори со граѓаните „Твојот глас“. Во рамките на овие настани, граѓаните ќе може да разговараат со министри, заменик- министри, државни секретари и пратеници, и да предлагаат идеи и да […]

Бујар Османи ќе биде шеф на преговарачкиот тим со ЕУ

јули 17, 2018

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи е назначен за шеф на делегацијата и главен преговарач за Европската Унија, соопшти утрово премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот, Јоханес Хан, по тематската владина седница посветена на скрининг процесот за почеток на преговорите со ЕУ. За негов заменик е назначен советникот на премиерот за евроатлантски интеграции […]

Димитров и Османи на 14-от состанок на Советот за стабилизација и асоцијација

јули 13, 2018

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров во Брисел денеска ќе учествуваат на 14-от состанок на Советот за стабилизација и асоцијација на Македонија и ЕУ. На состанокот се очекува да бидат разгледани теми за односите меѓу Македонија и ЕУ во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, подготовките и […]

Османи му го презентирал планот „18“ на евроамбасадорот Жбогар

мај 31, 2018

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи пред евроамбасадорот Самуел Жбогар и претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија го презентирал новиот реформски план на Владата, наречен план „18“, со кој, според Секретаријатот за европски прашања (СЕП), јавноста ќе биде запознаена откакона  следната седмица ќе се најде на седница на Владата. На почетокот, Османи изразил задоволство […]

Анѓушев: Владата ќе направи напори за помош на „Југохром“ за поставување на филтрите

мај 22, 2018

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, како што известија од неговиот кабинет, на денешната средба со менаџментот и синдикатот на „Југохром Алзар“ и на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) порачал дека комбинатот не може да почне со работа сè додека не се постават филтрите за отпрашување, а Владата е подготвена да помогне тоа […]

Одбраната побара изземање на судиите во „Траекторијa“

април 17, 2018

Одбраната на обвинетите во судењето „Траекторија“, по обвинение на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на денешното рочиште побара изземање на Судечкиот совет, како и на претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, и на судии од Апелацискиот суд. Адвокатот Еленко Миланов рече дека изземањето го бараат поради информации и изнесени од специјалната обвинителка Катица Јанева на една […]

Османи: Потребно ни е искуството на Естонија за формирањето преговарачки тим со ЕУ

декември 4, 2017

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, се сретнал со министерот за надворешни работи на Естонија, Свен Миксер. Како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, на средбата се зборувало за приоритетите на естонското претседателство со Советот на Европската Унија до крајот на годината, за политиката на проширување, како и за евроинтегративниот процес на Република Македонија. […]

Вицепремиерот Бујар Османи вели дека делот „3“ од планот е исполнет 80 отсто

ноември 29, 2017

Според вицепремиерот Бујар Османи, спроведувањето на делот „3“ од владиниот реформски план „3-6-9“ е стигнато до 80 проценти. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на чие чело е Османи, на 37. состанок на работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ), кој се одржал во Владата, заменикот-премиер задолжен за европски прашања истакнал дека „постои задоволителна исполнителност […]

„Социетас цивилис“ и „Конрад Аденауер“ ќе го следат спроведувањето на планот „3-6-9“

септември 6, 2017

Во реформскиот процес треба да бидат вклучени сите што носат политички одлуки, без разлика на извештаите кои доаѓаат од ЕУ, изјави претставникот на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Јоханес Раи, на денешната прес-конференција посветена на почетокот на проектот за следење на спроведувањето на планот „3-6-9“. – Перформансите на земјата не се доволни за да се премине во следната […]

Страна 1 од 2