Извештај на Народниот правобранител: Бројот на претставки за работата на јавните обвинители се намалува

Граѓаните во претставките изразувале незадоволство поради непсотапување по поднесена пријава на кривично дело, одложување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука.

-

Вкупно 63 претставки се поднесени во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во земјава, покажува Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител. Бројот на претставки е намален за 24 претставки, односно за над 38 отсто во однос на 2022 година, соопштија од Јавното обвинителство.

Во најголем дел од претставките граѓаните барале интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51 претставка), потоа пред Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција (4 претставки), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3 претставки), пред вишите јавни обвинителства (2 претставки), друго (2 претставки) и постапка пред Совет на јавни обвинители (1 претставка),

„Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата“, велат од Јавното обвинителство.

Граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одложување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука.

Народниот правобранител, меѓу останатите претставки, во извештајот во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинители да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од три месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да ги известуваат повисокиот обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

„Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води“, најавуваат од Јавното обвинителство.

Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. „Државната комисија за спречување...

Трамп нареди објавување на илјадници класифицирани досиеја за атентатите на Џон Кенеди и Мартин Лутер Кинг помладиот

Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на функционерите да направат планови за декласификација на документите поврзани со три атентати - на Џон Ф. Кенеди, Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг...

ТАВ Аеродроми: Нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, објавува дека „easyJet“, втората по големина авиокомпанија за летови на кратки и средни релации во Франција и со водечка улога во локалното поврзување, воведува нов директен...

Уште четири лица осомничени за терористичка организација

Под раководство на јавен обвинител, вчера била спроведено координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и одделите за сузбивање на организиран и сериозен криминал и за специјални полициски операции, во рамки...

Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. „Државната комисија...