fbpx

Рокот за изведба на автопатот Кичево-Охрид измина, анексот со кинески „Синохидро“ допрва ќе оди во Собрание

-

На 30 јуни годинава измина вториот зададен рок за завршување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид на патниот Коридор 8. Дополнителниот анекс на договорот за продолжување на изградбата на оваа автопатска делница допрва ќе оди во Собранието на РСМ на усвојување кај пратениците.

„Мета.мк“ во понеделникот до Јавното претпријатие за државни патишта испрати прашања во однос на тоа кој е најновиот датум договорен со кинеската компанија „Синохидро“ за завршување на изградбата на автопатот, како и кога би можеле да го очекуваме во Собрание Анексот за продолжување на рокот за изградба на делницата долга 57 километри.

Од ЈП за државни патишта во телефонски разговор накратко ни одговорија дека во моментов немаат никакви информации за споделување со јавноста. Директорот Ејуп Рустеми неодамна во интервју за новинската агенција МИА рече дека преговорите со кинески „Синохидро“ се во завршна фаза, а дефинирано е до 31 декември 2023 година да се продолжи рокот за комплетирање на градежните работи.

И министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кон крајот на мај годинава рече дека крајот на 2023 или почетокот на 2024 година ќе биде новиот датум кога се очекува официјалното пуштање во употреба на автопатската делница од Кичево до Охрид.

Во меѓувреме, на Електронскиот систем за јавни набавки е објавен склучениот договор меѓу ЈП за државни патишта и Градежниот институт Македонија од 17 јуни годинава за надзор за докомплетирање на градежните работи за изградба на автопатот Кичево-Охрид. За надзорот ќе бидат одвоени над 507 милиони денари (околу 8,2 милиони евра), со вклучен ДДВ.

Притоа, во договорот со компанијата што ќе го врши надзорот е наведено дека изградбата на автопатот Кичево-Охрид ќе продолжи во наредните 41 месец, од кои 30 месеци се планирани за изведба, а дополнителни 11 месеци проценет рок за евентуално продолжување на работите. За фазата после изградба предвиден е гарантен рок од 24 месеци.

Автопатот Кичево-Охрид започна да се гради во 2014 година, но поради сериозни пропусти во проектната документација која доведе до потреба од поскапување на изградбата и препроектирање на делови од автопатот, првичниот рок за пуштање во употреба на автопатот беше продолжен за три и пол години, до 30 јуни 2021 година. Овој датум повторно е пробиен, со ветување дека за околу две и пол години дефинитивно ќе биде завршена неговата изградба.

Инаку, неодговорено остана и прашањето на „Мета.мк“ за тоа кој ќе ја сноси одговорноста за второто пробивање кај рокот за изградба на автопатската делница на Коридорот 8, односно дали и какви мерки ќе се преземат против компанијата-изведувач за доцнењето на градежните работи или кон останатите субјекти вклучени во изведбата на автопатот Кичево-Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...