Владата го прифати Анексот за автопатот Кичево – Охрид, рокот продолжен до крајот на 2023 година

Извор на фотографија: Архива на ЈП за државни патишта

На вчерашната седница Владата го прифатила текстот на Анекс бр. 5 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited, според кој се утврдува рокот за завршување на работите на оваа делница на 31.12.2023 година, без никакви дополнителни финансиски импликации по Буџетот на Република Северна Македонија.

Инаку, на 30 јуни годинава измина вториот зададен рок за завршување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид на патниот Коридор 8. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кон крајот на мај годинава рече дека крајот на 2023 или почетокот на 2024 година ќа кога се очекува официјалното пуштање во употреба на автопатската делница од Кичево до Охрид.