fbpx

Џафери очекува автопатот Гостивар-Кичево да се заврши во 2027 година

Изведувачот на работите не е непознат, имајќи предвид дека во регионот имаат реализирани вакви проекти, тоа е потврда дека навремено и квалитетно ќе ги завршат работите овде, рече Џафери, кој заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, изврши увид на работите на Коридорот 8 и делницата од Гостивар до Кичево

-

Техничкиот премиер Талат Џафери заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, изврши увид на работите на Коридорот 8 и делницата од Гостивар до Кичево. Од локацијата во Горна Бањица тој рече дека станува збор за мегапроект кој се реализира во последните 30 години и чие завршување се очекува во 2027 година.

„Изведувачот на работите не е непознат, имајќи предвид дека во регионот имаат реализирани вакви проекти, тоа е потврда дека навремено и квалитетно ќе ги завршат работите овде. Како Влада, обезбедуваме предуслови за работите да течат непречено. Мислам дека сите сме имале можност да поминеме по патиштата кои ги имаат изградено досега. Во тој контекст, не се сомневам за нивниот квалитет и капацитет да го направат најдоброто. Проектот ја опфаќа делницата Тетово–Гостивар–Кичево, Требениште–Ќафасан. На албанска страна веќе се работи делницата од Елбасан до граница, така што проектот Коридор 8 е врска меѓу Јадранот и Црното Море, што го прави овој Коридор од особена важност“, изјави Џафери.

Фото: Влада на РСМ

Министерот за транспорт и врски, Бочварски е задоволство од динамиката на изградба.

„Со изградбата на околу 110 километри нови автопатски делници на Коридор 8 и Коридор 10-Д, преку овој проект даваме дополнителен стимул во домашната економија и градежништвото. Имаме одличен напредок до сега. Изградбата на вакви крупни проекти не е лесна, на терен се појавуваат многу предизвици, но уверуваме дека сите максимално се вложуваме да ги постигнеме зацртаните цели на државата, а тоа е развојна модерна и квалитетна патна мрежа“, изјави министерот Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми истакна дека дополнително очекува интензивирање на работите со отворање на градежната сезона.

„Започнати се видливи градежни активности, при што веќе интензивно се врши експропријација на земјиштето, а изведувачот работи и на проектирање, врши геотехнички и геомеханички истражни работи, како и други неопходни активности“, изјави директорот Рустеми.

Фото: Влада на РСМ

Џош Бејкер, главен проект менаџер од компанијата Бехтел рече дека тимот во моментот брои повеќе од 450 вработени во Бехтел и Енка.

„Мило ми е што можам да истакнам дека повеќе од 50% од тие вработени се луѓе од тука, од локалното население. До сега обезбедивме повеќе од 300 машини и тие работат на овој проект и очекувам тој број да се зголемува. Наша цел е да работиме што повеќе со домашните компании, во моментов имаме повеќе од 360 договори со компании подизведувачи, а над 75% од тие фирми се од Северна Македонија. Веќе подолго време работиме на ископување на секција 2, како што може да видите позади нас, а од денеска вршиме ископувања и на секција 1, односно на трасата Тетово – Гостивар“, изјави Бејкер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...