понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Ејуп Рустеми | 11 резултати

Почна асфалтирањето на автопатот Скопје-Блаце, догодина ќе се гради втората фаза

ноември 15, 2021

Првата фаза од автопатската делница Скопје-Блаце готова до половина, извести Министерството за транспорт. Околу 48 проценти во моментов се завршените градежни работи, на потегот од граничниот премин „Блаце“ до клучката кај селото Блаце. На овој автопат веќе започнаа асфалтерските работи на трасата, а се изведуваат и ископи, канали и бетонирање на други објекти, истакнаа министерот […]

По три години изградба, пуштена во употреба првата фаза од експресниот пат Штип-Радовиш

јуни 4, 2021

Првата фаза од експресниот пат Штип-Радовиш во должина од околу 23,5 километри денеска беше пуштена во употреба. По три години од почетокот на градежните работи, премиерот Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и шефот на Европската банка за обнова и развој во Македонија, Андри Аранитаси, присуствуваа на отворање на патот, […]

Автопатот Кичево-Охрид нема да поскапува, новиот рок за завршување е почетокот на 2024 година

мај 21, 2021

Нема да има ново поскапување на автопатот Кичево-Охрид, но затоа ќе има второ пробивање на рокот за неговото пуштање во употреба. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска извршија увид во изведбата на автопатската делница долга 57 километри. Министерот Бочварски ги отфрли шпекулациите […]

Со 13 милиони евра се рехабилитира делницата меѓу Куманово и Страцин од патот кон Бугарија

февруари 10, 2021

Во текот на годинава ќе заврши рехабилитацијата на втората фаза, а веќе во март ќе започне реконструкцијата на коловозот на првата фаза од патниот правец меѓу Куманово и Страцин на патниот Коридор 8. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми денеска извршија увид во градежните работи, […]

Зоран Китанов заминува, Ејуп Рустеми од ДУИ нов директор на ЈП за државни патишта

октомври 20, 2020

Наместо досегашниот директор Зоран Китанов, Јавното претпријатие (ЈП) за државни патишта во иднина ќе биде управувано од Ејуп Рустеми, кадар на ДУИ, којшто досега беше директор на АД „Пошти на Северна Македонија“. Ваквата информација денеска ја потврди и премиерот Зоран Заев, којшто објасни дека од денеска почнува назначувањето на директорите на институциите кои се под […]

Во 21 век жителите од Канатларци повторно имаат пошта

септември 26, 2018

Денеска беше радосен ден за околу 2.000 жители во прилепското село Канатларци, зашто по осум години, а во 21 век, повторно имаат селска пошта. „Македонски пошти“ во соработка со Општина Прилеп, ја рестартираше оваа експозитура што се наоѓа во центарот на селото. Жителите се задоволни, зашто велат дека ќе им се скратат трошоците и времето […]

Ејуп Рустеми е нов директор на Македонски пошти

август 22, 2018

Владата на денешната седница одлучи да го именува Ејуп Рустеми за нов директор на Македонски пошти. Досегашниот директор на Македонски пошти Фадис Реџепи е разрешен од оваа должност заради завршување на неговиот мандат, информира владината прес-служба. Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за склучување на Спогодба за утврдување на вредноста на бодот за најниската […]

Страна 1 од 1