fbpx

Вистиномер: И на реконструираната делница од регионалниот пат Тетово – Јажинце се поставени „легнати полицајци“

-

Во продолжение ја пренесуваме оценката на „Вистиномер“ за едно ветување:

Директорот на  Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми на 27 мај 2021 година, најави дека кога ќе се рехабилитира регионалниот пат Тетово – Јажинце ќе се извадат таканаречените „лежечки полицајци“.

Ако се рехабилитира почетокот на оваа делница ќе се извадат и таканаречените легнати полицајци за кои возачите постојано реагираат, а мештаните од околните села кои сами ги поставиле не дозволуваат да се остранат, затоа што како што велат, тие се единствениот начин да се обезбеди минимална сигурност на оваа сообраќајница. Дали ќе се постават нови, или пак, ќе има друго сообраќајно решение, но овој пат во рамки на законот.

[Извор: ММС Датум: 27.05.2021 г.]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Ејуп Рустеми, дека со реконструкцијата на првите четири километри од регионалниот пат Тетово – Јажинце ќе се отстранат грпките на коловозот популарно наречените „легнати полицајци“, или пак, ќе се заменат со нови сообраќајни решенија, но во рамки на законот, досега (28.12.2021) е неисполнето. Оваа делница од регионалниот пат Тетово – Јажинце, на потегот од излезот на Тетово до селото Џепчиште, е реконструирана, но и натаму има незаконски поставени „легнати полицајци“ кои  го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.

Фото: Вистиномер

На прашањето на „Вистиномер“, како и кој одлучил повторно да се постават „легнатите полицајци“ и дали се планира тие да се остранат, од ЈПДП ни одговорија дека „се оградуваат од новите пречки на патот поставени од трети лица“ и повторно дадоа ветување дека „се разгледува можноста за поставување на елементи за смирување на сообраќајот согласно со законските и подзаконските регулативи“

Во текот на 2021 година извршена е надградба на оштетениот абечки слој на коловозот на дел од регионалниот пат Р1203. По барање на жителите од населените места низ кои поминува предметната делница кои се жалат на движење на возила со поголема брзина од дозволената и образложението на граѓаните кои сметаат дека со рехабилитација на коловозот дополнително се овозможува зголемување на брзината на движење, Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) презеде обврска да ја разгледа можноста за поставување на елементи за смирување на сообраќајот согласно со законските и подзаконските регулативи. Од страна на претставници на стручните служби на МВР и ЈПДП направен е теренски увид за можноста за поставување на елементи за смирување на сообраќајот на законски дозволените места. ЈПДП во планот за јавни набавки за 2022 година ќе предвиди јавна набавка за изработка на техничка документација и изведба на елемети за смирување на сообраќај. ЈПДП се оградува од поставените во меѓувреме „легнати полицајци“ од трети лица,  велат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Инаку, отстранување на „лежечките полицајци“ од оваа делница на патот Тетово – Јажинце, најавуваше и  поранешниот директор на ЈПДП, Зоран Китанов. Тој уште на 23 јули 2019 година при посетата на Попова Шапка, каде вршеше увид на реконструкција на патот Тетово – Попова Шапка, меѓу другото, најави и реконструкција на дел од патот Тетово – Јажинце и кажа дека „лежечки полицајци“ ќе бидат извадени.

Во тек е проектирање и во септември ќе започне рехабилитација на патот Карпалак-Желино во должина од 16 километри, потоа следи тендерска документација за патот Желино-Јегуновце. Со средства на Јавно претријатие за државни патишта се работи на делница Непроштено-Пршовце предвидени се осум милиони денари, Вратница-Јажинце премин со два милиона денари и во двата случаи подразбира гребење и нов асфалт. За делницата Тетово-Порој чекаме прво атмосферска канализација и водовод, па ние да работиме со асфалтирање на тој пат. Грпките нема да останат после реконструкцијата, рече Китанов.

Пред неколку години имаше обиди да се остранат лежечките полицајци. На терен излегоа екипи на Јавното претпријатие за државни патишта и „Македонија Пат. Со помош и асистенција на полицијата се остранија неколку грпки, но мештаните од Порој и Џепчиште за кратко се организираа, го блокираа патот и не дозволија градежната механизација да ги остртани останатите лежечки полицајци.

Со оглед на тоа што на регионлниот пат Тетово – Јажинце сè уште има незаконски поставени „лежечки полицајци“ на секои стотина метри на потегот од Тетово до село Џепчиште, ветувањето на Рустеми го оценуваме како неисполнето, пишува „Вистиномер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...