fbpx

Почна асфалтирањето на автопатот Скопје-Блаце, догодина ќе се гради втората фаза

-

Првата фаза од автопатската делница Скопје-Блаце готова до половина, извести Министерството за транспорт. Околу 48 проценти во моментов се завршените градежни работи, на потегот од граничниот премин „Блаце“ до клучката кај селото Блаце.

На овој автопат веќе започнаа асфалтерските работи на трасата, а се изведуваат и ископи, канали и бетонирање на други објекти, истакнаа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заменик министерот Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, коишто денеска извршија увид во изградбата на овој автопат.

Инвестицијата во првата фаза од изградбата на автопатот Скопје-Блаце изнесува 14,2 милиони евра. Според динамиката на изградба, првичните два километра од овој автопат се очекува да се завршат до средина на следната година.

„Во однос на втората делница од селото Блаце до клучка Стенковец, во должина од околу 10,5 километри, сакам да напоменам дека според процедурите, тендерската постапка би отпочнала втор квартал следната година”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Втората фаза ќе чини 120 милиони евра, ќе се финансира со заем од Европската банка за обнова и развој и со инвестициски грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ)

„Идејниот проект за втората фаза е завршен, студијата за животна средина деновиве ќе ја доставиме до ЕБОР. Очекувам во прв квартал од следната година да имаме и основен проект и да бидат завршени и инфраструктурните проекти за да можеме да ја започнеме постапката за избор на изведувач”, изјави директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми.

На изведбата на првата фаза од автопатот Скопје-Блаце работи градежната компанија „Гранит“ од Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...