fbpx

Рустеми: По одобрувањето на идејниот проект ќе се знае кога ќе биде готов патот Тетово – Призрен

-

Патот Тетово – Призрен е еден од најспоменуваните проекти на властите во Северна Македонија, но и во Косово. Овој проект, кој се ветуваше со години, успеа да влезе во владините програми на двете земји и го одредува интересот на граѓаните и на двете држави.

За овој проект, Порталб.мк разговараше со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта на Северна Македонија, Ејуп Рустеми.

До каде е постапката за изградба на патот Призрен – Тетово?

Рустеми: Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) има физибилити студија од 2013 година, изготвена по наша нарачка и финансирана од годишниот буџет на претпријатието. Годинава издвоивме сопствени средства за изработка на идејниот проект и истиот е предвиден со Годишниот план за јавни набавки за 2021 година, како поповолна варијанта од трите што се предвидени во Физибилити студијата.

Во кој временски период може да започнат работите за изградба на патот?

Рустеми: Рокот за отпочнување на работите ќе биде тесно поврзан со варијантата што ќе ја предложи и одобри Владата на РСМ, откако Комисијата формирана за овој проект ќе ја донесе соодветната предлог – одлука. Ќе следи оглас за избор на идејниот проект и потоа составување на инфраструктурниот и основниот проект.

Во кој временски рок може да се завршат работите за изградба на патот?

Рустеми: Роковите за завршување на работите за изградба на патиштата не можат да се предвидат бидејќи, како што кажав, тоа би можело да се направи по одобрување на идејниот проект, кој ќе даде јасна слика за обемот на работите и за видовите градежни објекти. Пред неколку дена на Шар Планина престојуваше министерот за животна средина и инфраструктура на Косово, г-дин Либурн Алиу и јас сум убеден дека во периодот што следи од двете страни ќе се направат сериозни напори за унапредување на овој проект од интерес и за нас и за Косово.

Дали е избрана заедничката точка меѓу Косово и Северна Македонија каде ќе минува овој пат?

Рустеми: Изборот на варијантата од Физибилити студијата теоретски ја дефинира заедничката точка.

Дали е избрана некоја варијанта од 3-те опции кои се предвидени во физибилити студијата?

Рустеми: Комисијата работи и, секој нејзин член, ги анализира опциите. Одржани се неколку работни состаноци и ЈПДП има свој член во Комисијата.

Каква е соработката со косовските власти?

Рустеми: Соработката е на највисоко можно ниво и самиот факт што Меморандумот го потпишаа двајцата премиери ја покажува сериозноста и посветеноста од двете страни во однос на овој пат. Претходно беа одржани состаноци во Косово и Скопје, на кој учествуваа самиот министер Либурн Алиу, министерот Бочварски и јас.

Колку често се одржуваат заеднички состаноци на комисиите на РСМ и на Косово и на што конкретно работат тие?

Рустеми: Комисиите редовно одржуваат состаноци и се очекува наскоро да поднесат предлог – одлука на разгледување и одобрување од двете влади. Ги анализираат техничките можности и ја избираат опцијата што е најразумна за граѓаните на двете држави.

Интервјуто го реализираше: Суад Бајрами

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...