четврток, 22 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: ШарПланина | 17 резултати

Попова Шапка доби информативно-едукативен центар и две соларни еко-зони за одмор во две бачила

12 јуни 2021

Во близина на манастирскиот комплекс на Попова Шапка викендов се отвори информативно-едукативниот центар, прв од ваков вид во регионот кој е лоциран во ски-центарот Попова Шапка. Целта на едукативното катче е да обезбеди информации за сите посетители за историјата, флората и дивиот свет на Шар Планина, информации и едукација за различни активности и можности за […]

Порталб: Тетово со денови се мачи за вода, Заев вели хидроцентралите не го нарушиле снабдувањето

23 април 2021

Премиерот Зоран Заев вчера во Тетово изрази уверување дека малите хидроцентрали не се една од причините поради кои Тетово во последните месеци се соочува со недостиг на вода за пиење. Според него, хидроцентралите веројатно нема да трошат вода. Но, од друга страна, од обелоденувањето на планот за изградба на хидроцентрали во Шар Планина, околу 44 […]

Фронт 21/42 бараат да нема нови мали хидроцентрали на Шара

10 ноември 2020

Невладината организација Фронт 21/42 смета дека Предлог-законот за прогласување на Шар Планина за национален парк е спротивен на еден од клучните приоритети од програмата на Владата за забрана на изградба на мали хидроцентрали во заштитени подрачја и национални паркови. Екологистите сметаат дека основната цел на законот треба да е заштита на природата, а не нејзино […]

„Фронт 21/42“ бара нова јавна расправа за Нацрт-законот за прогласување на Шар Планина за национален парк

6 ноември 2020

Невладината организација Фронт 21/42 реагираше во врска со јавната расправа за Нацрт- законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, која вчера ја организираше Министерството за животна средина, онлајн на платформата ZOOM. Од Фронт 21/42 се незадоволни што поголемиот дел од времето, предвидено за расправа измина во презентирање на документација и веќе […]

Одложени јавните расправи во Полошкиот регион за прогласување на Шара за национален парк

12 октомври 2020

Министерството за животна средина и просторно планирање ги одлага јавните расправи по Нацрт – Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, кои беа закажани за 13, 14 и 15 октомври во Тетово, Гостивар, село Неготино и село Теарце. Од ова министерство на нивната Фејсбук страница објаснуваат дека одлагањето на јавните расправи […]

Почна подготовката на Нацрт-Законот за прогласување на Шар Планина за Национален парк

3 септември 2020

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти дека е почната постапката за изработка на Нацрт – Закон за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II – Национален парк. Ќе се одржуваат и јавни расправи со засегнатите страни – граѓанските здруженија, локалното население и бизнисмените. Прогласувањето за Шар Планина […]

Почнува јавната кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк

26 август 2020

Центарот за едукација и развој (ЦЕД) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Програмата за животна средина на ОН (УНЕП) започнуваат со имплементација на јавната кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк. „Кампањата на терен ќе се спроведува со директно вклучување, информирање и консултирање на локалното население, приватните […]

Од малите хидроцентрали на Шара нема никаква корист освен профит за сопствениците

19 август 2020

Да запре планирањето и изградбата на мали хидроцентрали и издавањето на концесии за Шар планина, апелираат еколошките организации во земјава. Овие енергетски објекти даваат минимален придонес во вкупниот енергетски биланс на земјата, но прават огромна штета на потенцијалот на реките, кој зафатен од климатските промени, сè помалку ги задоволува потребите за вода на локалното население […]

Владата прифати Шар Планина да се прогласи за Национален парк

5 мај 2020

Владата на денешната седница го прифати предлогот за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк и за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата Заштитен предел, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. По прифаќањето на двата предлога на ова министерство, во согласност со законската процедура, во […]

Манифестацијата „Да пошараме до Пожаране“ привлече стотина планинари

5 октомври 2015

Стотина планинари ги освоија врвовите Голема и Мала Враца, а успешно беше извозена и велосипедската патека од Попова Шапка до Пожаране, во рамки на манифестацијата „Да пошараме до Пожаране“. Се организираше и посета на археолошкото наоѓалиште Долна Локва, а се одржа и велосипедска тура од Гостивар преку Вруток, Горно и Долно Јеловце, па сè до […]

Поплавите во Тетовско ги загадија водоснабдувачките системи на Шар Планина

11 август 2015

Последните анализи на Центарот за јавно здравје Тетово покажаа бактериолошка неисправност на селските водоводи на шарпланинскиот масив. Чиста вода за пиење освен во Непроштено и во Лешок, немаат ниту населените места во подножјето на Шар Планина. Поради ваквата состојба, Министерството за здравство советува да се користи пакувана, превриена или дезинфицирана вода за пиење, за миење […]

Жители на Мала Речица: Луѓето настрадаа од градежен шут фрлен на Шар Планина

4 август 2015

Градежниот шут што со години се складира на Шар Планина е причина за смртта на жителите од подшарпланиските села, тврдат мештаните на Мала Речица. – Со години се трупа градежен шут на планината. Поради невремето, тој се лизна надолу, од што и настрадаа децата и луѓето – вели жител од Мала Речица. Инаку, се зголемува бројот […]

Иницијативата Шар Планина да се прогласи за национален парк остана само на хартија

2 април 2015

„Шар Планина – предизвици за заштита и за зачувување на природното богатство“ е насловот на дебатата што денеска се организираше во Тетово, на која учествуваа повеќе невладини организации за Шара што поскоро да се прогласи за национален парк. – Луѓето и институциите што се занимаваат со сеча на дрва сметаат дека со прогласувањето на Шара за национален […]

Страна 1 од 1