fbpx

Во 21 век жителите од Канатларци повторно имаат пошта

-

Денеска беше радосен ден за околу 2.000 жители во прилепското село Канатларци, зашто по осум години, а во 21 век, повторно имаат селска пошта. „Македонски пошти“ во соработка со Општина Прилеп, ја рестартираше оваа експозитура што се наоѓа во центарот на селото.

Жителите се задоволни, зашто велат дека ќе им се скратат трошоците и времето што досега го оддвојувале за да платат сметки до градот.

„Секако дека сме задоволни. Досега одвојуваме ден и во време на најголеми земјоделски работи за да платиме сметки во градот. Што да правиме, што се мора, мора. Па, некогаш заедно по неколку мина, одевме до градот. Канатларци е големо село, има и млади, кои што имаат многу потреби поврзани со поштата. Секако дека отворањето на оваа селска пошта многу ни значи“, велат жителите.

Генералниот директор на „Македонски пошти“, Ејуп Рустеми, кој што со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски симболично го означија почетокот на работата на оваа селска пошта, рече дека не само за Канатларци, оваа експозитура ќе биде на располагање и на жителите во околните села.

– Како „Македонски пошти“ сакаме да бидеме присутни во секое населено место, за да бидеме  што поблиску до секој граѓанин. Оваа соработка што ја имаме, со промоција на оваа пошта овде, мислам дека ќе продолжи понатаму и со Општина Прилеп и со сите други општини. Со тоа сакаме што поблиску да бидат исполнети сите други потреби на граѓаните за да ги извршуваат непречено во „Македонски пошти“ – рече  Рустеми.

Во поштата во Канатларци, поштенски услуги ќе добиваат и жителите на соседните села Ерековци, Марул и Подмол.

Мештаните во Канатларци очекуваат од Општина Прилеп и ЈКП „Водовод и канализација“, наскоро да се реши проблемот со водоснабдувањето, за што добија ветување од локалните власти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...