Таг: ЈП за државни патишта
таг: ЈП за државни патишта
Воведувањето електронска наплата на патарина на Коридор 8 чека на изработка на проектната документација
Без конкретен рок кога ќе отпочне изведбата, но со најава дека се чека на изработка на проектната документација е планот за воведување на електронска наплата на патарина на наплатните станици долж патниот Коридор 8 и на автопатот Миладиновци-Штип. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека најпрво треба да се изработи проектната документација, по што ќе започнат...
За да постане велосипедска рута, стариот пат Охрид-Струга мора да го прекатегоризира Владата
По речиси еден месец од смртта на младиот 17-годишен велосипедист од Струга на регионалниот пат Охрид-Струга којшто беше прегазен од автомобил, државните институции и општински власти си ја префрлаат одговорноста за тоа кој треба да изгради велосипедска патека на овој патен правец или целосно да го затвори патот и од него да направи велосипедска патека што ќе ги поврзе двата...
По две години застој, пролетва треба да продолжи изградбата на првата фаза од патот Градско-Прилеп
Наредните денови треба да се потпише договорот со најповолниот изведувач што треба да ја доврши изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп на кракот Д од Коридорот 10. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека до крајот на март годинава треба да се избере компанијата-изведувач. Извештајот од евалуациите на понудите е испратен до Европската банка за обнова и...
Автопатот Кичево-Охрид по втор пат ќе го пробие рокот за изведба, се прават анализи за колкав период
Јавното претпријатие за државни патишта подготвува опсежни анализи за продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид. Веќе е извесно дека по втор пат ќе биде пробиен крајниот датум во чии рамки кинеската компанија „Синохидро“ како изведувач на работите требаше да ја заврши изведбата на автопатот долг 57 километри и вреден речиси 600 милиони евра.
Првичниот рок за завршување на...
Годинава физибилити студија за автопатот Требениште-Струга-Ќафасан, забелешките на УНЕСКО ќе се разгледаат
Јавното претпријатие за државни патишта годинава планира да ангажира проектант за изработка на физибилити студија врз основа на идеен проект за идниот автопат Требениште-Струга-Ќафасан на патниот Коридор 8. Документацијата ќе се изготви во согласност со ФИДИК правилата за подготовка на тендерска документација за градење на вакви инфраструктурни проекти, велат за „Мета.мк“ од ЈП за државни патишта.
Од ова јавно претпријатие...
Со 13 милиони евра се рехабилитира делницата меѓу Куманово и Страцин од патот кон Бугарија
Во текот на годинава ќе заврши рехабилитацијата на втората фаза, а веќе во март ќе започне реконструкцијата на коловозот на првата фаза од патниот правец меѓу Куманово и Страцин на патниот Коридор 8. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми денеска извршија увид во градежните работи, информираат од Министерството за...
Четири од десетте најфреквентни патишта не се автопати, Тетово-Гостивар и натаму со најмногу сообраќај [инфографик]
Огромно намалување на сообраќајот во 2020 година е забележано на патниот Коридор 10, а автопатот Тетово-Гостивар и во ковид кризата останал најфреквентен патен правец во земјава. Податоците кои „Мета.мк“ ги побара и ги доби од Јавното претпријатие за државни патишта покажуваат дека со Просечен годишен дневен сообраќај (ПГДС) од 13.647 возила, автопатот Тетово-Гостивар и во 2020 година имал најмногу...
Бочварски: Предвидена е изградба на нов автопат од Гостивар до Тетово
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска изјави дека годинава ќе се започне со постапка за изработка на физибилити студија за изградба на нов автопат од Гостивар до Тетово.
При денешната посета на Тетово, тој заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи остварија средба со градоначалникот на општина Тетово, Теута Арифи, на која средба се разговараше...
Државата очекува првата фаза од автопатот Скопје-Блаце да се заврши претстојново лето
И покрај влијанието на моменталната состојба со ковид-19 и проблемите што се јавија со експропријацијата на земјиштето пред неколку месеци, од Јавното претпријатие за државни патишта очекуваат изведувачот да го испочитува рокот за завршување на градежните работи на првите два километри од автопатот Скопје-Блаце, велат за „Мета.мк“ од ЈП за државни патишта.
При потпишувањето на договорот за реализација на првата...
Од патарините лани собрани 33,8 милиони евра, ковид-19 „стопи“ 10 милиони евра од приходите [инфографик]
Јавното претпријатие за државни патишта од патарините лани имало приходи во висина 33.782.331 евра, што е за над 10,5 милиони евра помалку во споредба со 2019 година. Корона кризата удри силно врз остварениот прилив на средства по надоместокот за користење на македонските автопати, а најизразено намалување на приходите може да се забележи во вториот квартал (периодот на полициските часови)...
Турски „Аселсан“ и „Жикол“ ќе работат на електронската наплата на патарина на Коридор 8 и Миладиновци-Штип
Турско-македонски конзорциум составен од компанијата „Аселсан“ од Анкара и „Жикол“ од Струмица го добија тендерот за воведување на електронска наплата на патарина на автопатските делници долж Коридорот 8, како и на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, е наведено во резултатите од меѓународниот тендер објавени од ЕБОР. Договорот со Јавното претпријатие за државни патишта треба да се потпише на крајот од...
Одобрени 8 милиони евра повеќе во Пакетот 4 за поддршка за справување со последиците од КОВИД-19
Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница донесе одлука за нов пакет мерки за поддршка во справувањето со последиците од КОВИД-19 кризата. Одобрени се околу 8 милиони евра плус (над 488 милиони денари) како дополнителен сет на мерки за да се излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од ковид кризата, информираат од владината...
Автопатот Тетово – Гостивар полн со дупки, ќе се проектира неговата реконструкција во 2022 година
Иако се наплаќа патарина, на автопатот Тетово - Гостивар се вози по брановиден и оштетен асфалт, кој е полн со дупки и нерамнини со кои се отежнува движењето на возилата. Делницата долга 22 километри меѓу двата града се нарекува автопат, но на одредени нејзини сегменти се вози со ограничување на брзината до 80 километри на час. Автопатот Тетово -...
Проектот за првата фаза од автопатот Гостивар – Кичево е при крај, догодина тендер и почеток на градба
Изработката на проектната документација за изградба на првата фаза од автопатот Гостивар - Кичево е при крај и се очекува да биде целосно завршена во првата половина на 2021 година, информираат за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за државни патишта. Станува збор за идната автопатска делница од селото Букојчани до Кичево, во должина од 12,7 километри.
Од ова претпријатие информираат дека...
Се прават анализи колку ќе трае изградбата на автопатот Кичево-Охрид и по јуни 2021 година
Јавното претпријатие за државни патишта во моментов работи на анализа за тоа колкав период би се продолжил рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид на Коридорот 8. Сегашниот рок за негово завршување е 30 јуни 2021 година, но веќе е извесно дека по целата автопатска делница долга 57 километри нема да може да се вози на крајот од јуни наредната...
Тендерот за втората фаза од автопатот Скопје-Блаце ќе се објави догодина, изградбата ќе почне во 2022 година
Во третиот квартал од 2021 година се очекува да се објави меѓународниот тендер за избор на изведувач што ќе ја гради втората фаза од автопатот Скопје-Блаце, долга околу 10,5 километри. Досега за идната автопатска делница е изработено нацрт идејно решение, со кое треба да се избере најповолната алтернатива за трасата на автопатот, информираат за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за...
Се реконструира автопатот Петровец-Катланово, граѓаните бараат да се работи навечер
Јавното претпријатие за државни патишта ја започна реконструкцијата на автопатската делница Петровец-Катланово на патниот Коридор 10. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска извршија увид во градежните работи на проектот вреден 7,2 милиони евра. Градежните екипи работат на рехабилитација на коловозот во вкупна должина од 10 километри во двата...
Повеќе од една година автопатот Миладиновци-Штип е единствен во земјава на кој не се наплаќа патарина
Автопатот Миладиновци-Штип е единствениот пат од највисока категорија во земјава на кој повеќе од една година не се наплаќа патарина од возачите. И покрај тоа што беше отворен за сообраќај на 5 јуни, а официјално пуштен во употреба на 6 јули 2019 година, до денешен ден на оваа автопатска делница долга 47 километри не профункционира ниту една од двете...
ЕБОР го објави тендерот за доградба на првата фаза од експресниот пат Градско-Прилеп
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го објави тендерот за довршување на изградбата на првата фаза од експресниот пат Градско-Прилеп. Меѓународниот тендер ги повикува градежните компании да достават понуди најдоцна до 3 ноември за изведба на делницата меѓу Фаришката и Дреновската клисура во должина од 10 километри. Изведбата на градежните работи се очекува да започне во декември 2020...
Завршени 50 отсто од експропријацијата на земјиштето на трасата на автопатот Скопје-Блаце
Поради состојбата со ковид-19, изградбата на првата фаза од автопатот Скопје-Блаце заглави на експропријацијата на 68 имоти низ кои треба да минува трасата. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека експропријацијата на земјиштето досега е реализирана во над 50 отсто од трасата.
- Поради состојбата со ковид-19, Министерството за финансии, односно Управата за имотно-правни работи Чаир, не...