Обезбедени пари за изградба на првата фаза од автопатот Гостивар-Кичево

-

Македонија може да почне да ја гради првата фаза од автопатот Гостивар-Кичево по комплетирањето на финансиската конструкција за проектот од 130 милиони евра. По добиените неповратни средства од 20 милиони евра преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ), земјава доби кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во висина од 110 милиони евра.

Инаку, првата фаза од автопатот Гостивар-Кичево ја вклучува трасата што почнува од Кичево (поврзување со автопатот во градба Кичево-Охрид) до селото Букојчани, долга 12,7 километри. Од Јавното претпријатие за државни патишта за Мета.мк пред една година информираа дека рокот за изведба на овој проект е 36 месеци. Проектната документација за оваа делница веќе е изработена.

„Коридорот 8 е еден од стратешките проекти за нашата инфраструктура, којшто ќе ја направи земјата поконкурентна. Со изградба на патната инфраструтура од Коридорот 8, во РС Македонија ќе се заокружи изградбата на Паневропскиот коридор, значаен за подобра поврзаност на Р С Македонија, Албанија и Бугарија со другите европски земји. Ова ќе отвори нови пазари за македонските компании, ќе ја подобри нивната конкурентност и ќе овозможи одржлив економски раст“, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими по вчерашното потпишување на договорот со ЕБОР.

Автопатот Гостивар-Кичево со должина од 42 километри е планирано да се гради во три фази. Најдалеку во реализацијата се наоѓа трасата од Кичево до Букојчани, за која што во следната етапа ќе треба да се распише меѓународен тендер за избор на изведувач на градежните работи.

Преостанатите две фази од автопатот се Букојчани-Горна Ѓоновица и Горна Ѓоновица-Букојчани, коишто ќе бидат и најтешки за изведба поради планинскиот терен. За втората и третата фаза треба допрва да се изработува проектната документација, но нивните изградба и пуштање во употреба ќе мора да се одвиваат заедно, бидејќи идната траса минува далеку од постојниот магистрален пат Гостивар-Кичево. Ова е и една од причините што Владата на РСМ ги вклучи во пакет овие две фази во планираниот договор со американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ за довршување на патните Коридори 8 и 10д.

Влезот на „Бехтел-Енка“ беше најавен во март годинава со потпишувањето на Меморандумот за разбирање и соработка, по што Собранието на РСМ го донесе Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот.

Иако Антикорупциската комисија побара од Уставниот суд да ја поништи и стопира примената на специјалниот закон што беше усвоен од Собранието на РСМ, уставните судии кон крајот на годинава не поведоа постапка за оценување на уставноста на овој закон.

Владата месецов информираше дека го формира и Комитетот за преговори и преговарачкиот тим за преговори со „Бехтел-Енка“ за изградба на автопатите Тетово – Гостивар – Букојчани и Требеништа – Струга – Ќафасан од патниот Коридор 8, како и автопатската делница Прилеп – Битола на Коридорот 10д. Наредната година ќе се знаат многу повеќе детали околу изворите на финансирање, начинот на изградба и роковите за изградба на овие автопатски делници.

Oхриѓанка измамена од непознато лице, ѝ одзело 300.000 денари од трансакциска сметка

Педесет и три годишна жена од Охрид, пријавила дека била измамена од лице за сума од 300.000 денари, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Според пријавеното, лицето ѝ се јавило пред две...

Играта „Warframe“ има ново продолжение наречено „1999″

Излегувањето на алтернативното продолжениe за бесплатната игра Warframe наречено „1999” ја буди носталгијата од Сајберпанк филмовите, стриповите, музиката и книгите во осумдесетите и деведесетите години од минатиот век. Ова е трејлерот...

Грузиските пратеници избраа екстремно десничарски и критичар на Западот за нов претседател

Грузиските пратеници го избраа Михаил Кавелашвили за нов претседател, пренесува „Гардијан“. Според медиумот, сега уставната криза се продлабочува бидејќи според опозицијата, изборот на поранешниот фудбалер Михаил Кавелашвили е „нелегитимен“. „Грузиските пратеници го...

Од почетокот на епидемијата, неделава за прв пат нема пријави за нови случаи на голема кашлица

Од почетокот на епидемијата на пертусис, која трае безмалку една година, неделава за прв пат нема пријави за нови случаи на голема кашлица, соопштува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Како што...

Oхриѓанка измамена од непознато лице, ѝ одзело 300.000 денари од трансакциска сметка

Педесет и три годишна жена од Охрид, пријавила дека била измамена од лице за сума од 300.000 денари, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Според пријавеното, лицето ѝ се јавило...