fbpx

Порталб: Недостасува сигнализација на патот Тетово-Јажинце, за една година 110 сообраќајни несреќи

-

Сто и десет сообраќајни несреќи се регистрирани за една година на патниот правец Тетово-Јажинце, кој нема соодветна сообраќајна сигнализација. Експертите бараат поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација за да се минимизираат сообраќајните несреќи на истиот, а кој е воедно и еден од најфреквентните во регионот. Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека годинава на овој пат ќе бидат поставени и хоризонтална и вертикална сигнализација, пишува Порталб.мк.

Дваесет и седум километри долгиот пат ја поврзува Северна Македонија со Косово. Недостатокот на соодветни сообраќајни знаци на патниот правец често создава забуна кај возачите, а најпроблематични се случаите на возачите од Косово, кои не го познаваат добро овој пат, како и опасностите на него.

Во текот на 2021 година, во делот што го покрива Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај – Тетово, меѓу кои спаѓа и регионалниот пат Тетово-Јажинце, констатирани и санкционирани се 4.118 прекршоци поради пречекорување на брзината.

„Во однос на сообраќајните незгоди на регионалниот пат Тетово-Јажинце, ве известуваме дека во тој безбедносен сектор се случиле 110 сообраќајни незгоди, од кои најголем дел на овој регионален пат, при што 14 лица се здобиени со тешки телесни повреди, а 58 лица поминале со телесни повреди, додека другите несреќи биле само со материјална штета“, изјави Фатмир Реџепи од СВР Тетово.

Граѓаните кои секојдневно се движат по овој пат, ги знаат и пречките за намалување на брзината кои се наоѓаат во Џепчиште. На истите при реконструкција на патот им беше сменета локацијата, но сепак нема предупредувачки знаци.

Уште попроблематични се случаите кога времето е магливо и патот не се гледа јасно, а тоа создава уште поголема опасност. Граѓаните се свесни за опасностите на овој патен правец. И затоа бараат поставување на повеќе предупредувачки знаци.

„Сигнали и знаци треба да се постават што почесто таму каде се потребни, во Џепчиште во Тетово, постапија добро при поставувањето нов асфалт, но таму имало  т.н. „лежечки полицајци“ за намалување на брзината, а сега им го сменија местото, сепак не се обележани со знаци, при што проблемите настануваат ноќе кога ги оштетуваат возилата. Пред две ноќи се движев ноќе по овој пат, имаше магла, и не се гледаше ништо, како да ги препознаеме кога нема знаци. Мора да се вози многу внимателно бидејќи е опасно“, вели еден граѓанин.

Според сообраќајниот експерт Блерим Неими, овој пат го носи епитетот „пат на смртта“ како последица на многу сообраќајни несреќи и висока смртност. Недостига хоризонтална и вертикална сигнализација.

„На овој патен правец не се дефинирани знаците со правила и стандардизирани норми за ограничување на брзината (значи да има почеток на една брзина и крај), при што дел од овие знаци се оштетени од самите граѓани. Неопходно е да постават линии за раздвојување на патот бидејќи возачите во магливо време или едноставно во текот на оваа сезона немаат јасна ориентација особено ноќе. Итно да се постават пречки за намалување на брзината бидејќи голем број возачи, државјани на Косово не го познаваат патот. Осветлувањето на патот е многу важен елемент за возачите, бидејќи без осветлување често се случуваат сообраќајни незгоди, иако на овој патен правец има локации во кои од двете страни се одвиваат стопански дејности“, рече Неими.

Од друга страна, за сите забелешки директорот на Јавното претпријатие за државни патишта на Северна Македонија, Ејуп Рустеми вели дека рехабилитацијата на патот од Тетово до Џепчиште, во должина од 4,2 километри, не е целосно завршена, бидејќи имало доцнење поради пристигнувањето на иселениците.

„Поради временските услови не е завршена хоризонталната сигнализација во делот каде санацијата на овој патен правец е завршена. Кога зборуваме за сигнализацијата на целиот овој дел бидејќи ова е најфреквентниот пат во РСМ каде што во тек на 24 часа го користат околу 7.000 возила, годинава решив да направиме проект за безбедност во сообраќајот на овој патен правец, каде што ќе имаме целосна хоризонтална и вертикална сигнализација, но во исто време да ја намалиме брзината на истиот“, рече Ејуп Рустеми.

Во изминатиот период поради сообраќајни несреќи и смртни случаи во нив, имаше протести на жители од населените места долж овој патен правец, во знак на револт за надлежните да преземат мерки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...