fbpx

Од 2022 година на сите автопати ќе има „интелегентен видео надзор“

Со воведувањето на овој Интелигентен транспортен систем треба да се постават камери и друга опрема за видео надзор на тунелите, мостовите и на други точки долж автопатот од Табановце до Гевгелија. Целокупната опрема ќе биде поврзана со Контролниот центар во Петровец

-

И покрај тоа што контролниот центар на Јавното претпријатие за државни патишта во Петровец веќе е пуштен во употреба, контролата со камери засега е воспоставена единствено на патарините. На автопатот Демир Капија – Смоквица се врши видео мониторинг на сообраќајот, но со посебен контролен центар лоциран во Неготино. Од ЈП за државни патишта за „Мета“ велат дека имплементацијата на интелигентниот транспортен систем на Коридорот 10 е во фаза на проектирање, а за негова изведба Министерството за транспорт и врски веќе подигнало заем од Светска банка.

– Проектантската вредност на проектот е 18,6 милиони евра, а минимум 3 години се потребни за негова имплементација – посочуваат од ЈП за државни патишта.

Со воведувањето на овој интелигентен транспортен систем треба да се постават камери и друга опрема за видео надзор на тунелите, мостовите и на други точки долж автопатот од Табановце до Гевгелија. Целокупната опрема ќе биде поврзана со Контролниот центар во Петровец, од каде 24 часа во денот ќе се мониторира сообраќајот на овој автопат. Од ЈП за државни патишта нагласуваат дека и автопатот во изградба Кичево – Охрид ќе добие Интелигентен транспортен систем.

Видео надзор на автопатите е воведен само на патарините, како и на новиот автопат Демир Капија – Смоквица; Фото: Бојан Блажевски

Со видео мониторингот од една точка ќе може да се управува со сообраќајот при поголеми гужви, но и при незгоди на патот. Несовесните возачи што возат со прекумерна брзина ќе можат полесно да се казнат, а во случај на сообраќајна несреќа самите вработени од Контролниот центар би можеле во најкратко време да ја пријават во брза помош или полиција. Покрај побрзото време на патување, со овој Интелигентен транспортен систем се очекува да се намали количеството на испуштен јаглерод диоксид во воздухот.

Од ЈП за државни патишта очекуваат проектот да биде воведен во 2022 година, додека во документот „Програма за економски реформи 2019 – 2021 година“ на Министерството за финансии се нагласува дека тендерската постапка за избор на изведувач и надзор над работите на проектот треба да стартува до крајот на 2019 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...