Собранието го усвои дневниот ред на седницата, на која се разгледуваат петте владини закони со ЕУ знаменце

Овие предложени законски измени Владата ги испрати до пратениците, откако претходно изминатиов петок беа усвоени на владина седница

-

Собранието вечерва го усвои дневниот ред на 115-тата седница, откако претходно во претпладневните часови ја потврди потребата за носење на предложените измени на пет закони по скратена постапка, со употреба на системот на „европско знаменце“. Овие предложени законски измени Владата ги испрати до пратениците, откако претходно изминатиов петок беа усвоени на владина седница.

Станува збор за предложените измени на Законот за работни односи, за експропријација, за урбанистичко планирање, за градење и за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10-д (делница на автопатот Прилеп– Битола).

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска испратија порака дека власта иако знае дека е злоупотреба, турка законски измени со европско знаменце.

„Нема поголем кочничар на ЕУ интеграциите на Македонија од актуелната криминална власт на ДУИ поддржана од СДС“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие порачаа дека вицепремиерот Бојан Маричиќ наместо да го забрзува процесот на интеграција и да работи на почитување на европските вредности, тој ги крши и поради тоа треба да си поднесе оставка.

Од СДСМ пак попладнево реагираа дека Мицкоски и Апасиев заедно работат против европската иднина на државата, односно со лаги и манипулации водат хајка и против изградба на стратешкиот проект со Коридорите 8 и 10д.

„Законските измени со европско знаменце заштедуваат 150 милиони евра на граѓаните и 2 години помал рок на изведба а важат не само за коридорите 8 и 10д туку и за проекти финансирани од ЕУ“, стои во соопштението од СДСМ.

Македонската влада минатиот петок образложи дека со усвојувањето на петте предлог-измени на законите би се зголемила ефикасноста во изградбата на инфраструктурните објекти од стратешки национален и јавен интерес.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...