Владата до Собранието достави пет предлог закони со европско знаменце за Коридорите 8 и 10д

Покрај за автопатите на Коридорите 8 и 10д, предложените пет закони од владата ќе важат за сите идни проекти од стратешки јавен и национален интерес - патишта, железница и енергетски објекти

-

Владата на денешната седница усвои пет предлог закони со европско знаменце кои ќе ги достави до пратениците во Собранието, а кои се однесуваат на изградбата на инфраструктурни проекти од национален и јавен стратешки интерес, вклучувајќи ги и автопатите од Коридорите 8 и 10д. За ова денеска информираше вицепремиерот Артан Груби на прес-конференција, на која потенцираше дека со промените на актуелното законодавство би се заштедиле 150 милиони евра од буџетот и автопатите би се изградиле во пократок рок од две години.

Станува збор за предложените измени на Законот за работни односи, Законот за градење, Законот за урбанистичко планирање, Законот за експропријација на земјиште и Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурните Коридор 8 и Коридор 10д. Владата утврдила дека нема да има потреба од измена на Законите за шуми и земјоделско земјиште кои претходно ги поднесоа пратениците во Собранието, а нема предлог од владата и за измена на Законот за заштита на културното наследство.

Со ваквиот владин потег ќе се надмине актуелната блокада на претходно предложените осум законски решенија, за кои опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесоа над 1.100 амандмани кај предложениот Закон за работни односи кој се наоѓа на комисиска расправа. Инаку, постапката за донесување на т.н. закони со европско знаменце, е поедноставена и оди најчесто преку Комисијата за европски прашања, а амандманската расправа на предложените закони е ограничена на два дена, со што се отстрануваат шансите за амандмански блокади.

Груби посочи дека потпишаниот договор со „Бехтел-Енка“ е по сегашното актуелно законодавство на земјава, и со тоа проценките од изработената физибилити студија посочуваат дека изградбата на четирите автопати Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола би чинела скоро 1,5 милијарди евра. Наместо проектот да чини толку, ако се усвојат петте предложени закони од владата би се овозможило автопатите да чинат 1,3 милијарди евра. Во оваа сума, сепак не влегуваат средствата што ќе се одвојат за експропријација на земјиштето.

Вицепремиерот денеска откри и дека во потпишаниот договор со „Бехтел-Енка“ не е утврдена цената на изградба на автопатите на Коридорите 8 и 10д, туку станува збор за проценка што е дадена во физибилити студија што е направена од реномирана консултантска куќа пред потпишувањето на договорот.

Груби објасни дека предложените пет закони од владата не ги бара американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“, туку институциите процениле дека тие се неопходни за изградба на сите идни проекти од стратешки јавен и национален интерес – патишта, железница и енергетски објекти.

Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски објасни дека со доставените предлог закони се предвидени измени во два суштински закони – Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење. Бочварски рече дека законските измени ќе се однесуваат не само автопатите што ќе се градат на Коридорите 8 и 10д, туку и за другите патишта, железнички пруги, енергетски објекти од јавен и национален интерес. Ова значи дека ќе важат не само за „Бехтел-Енка“, туку и за другите вакви проекти што се градат со средства на ЕУ, кредити или од државен буџет.

Бочварски рече дека во Законот за урбанистичко палнирање се предвидува нов тип на урбанистички проект – постапка за спроведување со роковите за постапување и прибавување на документите од институциите што се многу пократки. Урбанистичкиот проект за градбите од национален и јавен стратешки интерес ќе се доставува во влада и таа ќе го донесува или отфрла урбанистичкиот проект.

„Временски ја намалуваме административната постапка“, рече Бочварски.

Накрајот од изградбата, Министерството за транспорт и врски ќе дава одобрение за употреба за ваквите градби, но претходно ќе мора да се направи технички преглед, кој треба да е заверен од надзорен инженер со пропратна ревизија.

„Со овој модел ќе постигнеме оптимални резултати во изградбата и реконструкцијата на инфраструктурната мрежа“, изјави Бочварски.

Министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека со предложените законски измени нема да се дозволи исплата на средства за експропријација на дивоградбите, туку на оние нелегално изградени објекти кои веќе доставиле барање во општините за легализација по Законот за бесправно изградени објекти во 2011 година, а не ја завршиле целата постапка за легализација на дивоградбите. Ова се однесува само за станбените проекти при експропријацијата и се овозможува надомест доколку семејства треба да се дислоцираат од овие живеалишта.

Бесими појасни дека ова решение нема да важи само за американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“, туку и за сите стратешки проекти од јавен и национален интерес во земјава.

„Со предлог Законот за експропријација што денеска помина на влада, нема експропријација на нелегално изградени објекти“, вели Бесими.

Во однос на законските измени, Бесими рече дека компаниите – изведувачи ќе се ослободат од давачки на промет – царини и акцизи, заедно со ДДВ-то, во однос на изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10д, но тоа ќе важи и за другите инфраструктурни проекти од стратешки јавен и национален интерес.

Заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин рече дека со законските измени на Законот за работни односи ќе се утврди прекувремената работа, која може да трае подолго од 8 часа неделно и работењето во недела за инфраструктурни проекти од јавен и национален стратешки интерес.

Работниците ќе имаат дневен одмор од најмалку 12 часа меѓу два последователни денови и неделен од одмор од најмалку 24 часа непрекинато, плус 12 часа дневен одмор.

Изградбата на Коридорите нема да претставува експлоатација на работниците и нема да дозволиме ниту еден работник да биде експлоатиран, рече заменик-министерот. Законите постојат за да ги штитат граѓаните, станува збор за прекувремена работа која секогаш постоела во градежништвото, особено ако станува збор за стратешки проект од национален интерес.

Заменик-министерот рече дека не значи оти 60 часа неделно и во текот на целата година ќе има прекувремена работа, односно поинтензивно ќе се работи пролет, лето и есен, а ќе има денови кога ќе нема воопшто потреба од прекувремена работа. Секој прекувремен час ќе им биде 35 отсто повеќе согласно законот и колективниот одговор, и секој работник ќе мора да потпише изјава дали сака или не за да работи прекувремено и нема да биде присилен на ова.

Министерот Бочварски појасни дека најпрво ќе се работи на подготвителни работи пред проектирање на автопатите Прилеп-Битола и Тетово-Гостивар. Ќе почнат истражувања на терен, за да може да се подготви проектната документација за овие автопати, објасни Бочварски. Штом биде проектирањето готово, Јавното претпријатие за државни патишта ќе врши контрола над проектната документација и ќе дава одобрување на проектот, со задача на изведувачот да почне со изградба.

„Ќе проектира компанијата, но ќе одобрува државата“, вели Бочварски, објаснувајќи го новиот начин на работење на проектирањето и изведбата на автопатите на Коридорите 8 и 10д.

Бочварски повтори дека со предложените законски измени точно ќе се знае што се стратешки објекти од национален и јавен интерес: патишта, железнички пруги и енергетски објекти.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...