понеделник, 8 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: училишта | 288 резултати

Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

февруари 18, 2026

Се поголем број родители во САД се обидуваат да ги одвикнат своите деца од користење училишни лаптопи и таблети, загрижени дека прекумерното време пред екран им штети на образованието, вниманието и здравјето

АХВ спроведе засилени контоли кај операторите со храна во близина на училиштата

ноември 16, 2025

Со спроведените контроли утврдено е дека 19 оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 30 се утврдени незадоволителни хигиенски барања за безбедност на храната, а од вкупно контролираните, 26 не биле регистрирани како опратори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство

Средни училишта од Македонија ќе градат партнерства со училишта од Западен Балкан

септември 23, 2025

Нови 23 средни училишта од Македонија ќе градат партнерства со училишта во регионот преку регионалната програма за размена за размена на средни училишта од Западен Балкан што ја имплементира RYCO – Регионална канцеларија за младинска соработка. Програмата промовира интеркултрно учење, дијалог и партнерства помеѓу средношколците од регионот, а младите ќе учат за мир, почит, пријателство […]

Училиштата со дотации од идната година ќе добијат пари и за поддршка на учениците со посебни образовни потреби

август 13, 2025

Училиштата во земјава парите кои ги добиваат преку дотации од Министерството за образование и наука ќе можат да ги трошат за плати, но и за поддршка на учениците со посебни образовни потреби. Како што информираше денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, усвоена е нова методологија за пресметка и распределба на средствата со кои […]

Четири основни училишта и спортска сала во Кисела Вода, Центар и Могила ќе станат енергетски ефикасни

август 8, 2025

Четири основни училишта и една спортска сала во Oпштините Кисела Вода, Центар и Могила ќе бидат реконструирани и ќе имплементираат мерки за енергетска ефикасност. Општините ќе добијат средства од Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор и Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, преку Министерството за финансии. Општината Кисела Вода ќе изврши […]

Климатизирани училници, скратени часови и засолништа на работното место предлага Институтот за јавно здравје

мај 29, 2025

Институтот за јавно здравје објави Акциски план за справување со топлотни удари 2025 – 2030 во кој препорачуваат училиштата и факултетите да обезбедат климатизирани простории за учење и редовно да ги информираат учениците и наставниот кадар за здравствените ризици од високите температури. Покрај тоа, се препорачува социјалните служби да преземат мерки за заштита на ранливите […]

30 училишта под клуч за пет години, образованието „изгубило“ 5.431 основец

мај 25, 2025

Во период од пет години, македонското образование „изгубило“ 5.431 ученик, а во истиот период, дури 30 училишта во државата се затвориле. Евидентен е трендот на контиинуирано намалување на бројот на ученици-основци, според бројките кои ги објавува Државниот завод за статистика (ДЗС), но државата засега нема стратегија за решавање на овој долгогодишен проблем. Во учебната 2021/2022 […]

УНИЦЕФ: Малтретирањето во училиштата е во пораст

мај 5, 2025

Малтретирањето е распространето во образовните институции во Македонија. Безмалку 20 отсто од учениците во земјата, во 2022 година пријавиле редовно малтретирање. Освен тоа, во пораст се и дигиталното насилство врз децата, како и  онлајн сексуалната експлоатација и злоупотреба, покажува анализата на состојбата со децата и адолесцентите во Македонија, која ја објави УНИЦЕФ. „Стапката на малтретирање […]

Зависни од екраните: Мобилните телефони го редефинираат растењето и учењето кај младите

април 17, 2025

Сцената е сè почеста – ученик седи во клупата, главата наведната, погледот фиксиран во екранот, прстот нервозно скрола. Наставникот зборува, но зборовите не допираат. Вниманието одамна се префрлило на „ТикТок“, на новата „Снепчет“ нотификација или на мемето кое кружи по групниот чат. Оваа слика, толку секојдневна, што веќе не предизвикува изненадување, е обработена десетици пати […]

МОН: Безбедносните стандарди во училиштата да бидат во фокусот на општините

март 24, 2025

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека во четвртокот се обратило до општините кои се основачи и надлежни за работата на основните и средните училишта да ги проверат исполнетоста и почитувањето на безбедносните стандарди во училишните објекти. „Локалните самоуправи треба да утврдат дали сите училишта на нивна територија имаат изработено Проценка на загрозеност од […]

Maтурантите од Скопје државна матура ќе полагаат на УКИМ, оние од Штип – на УГД

февруари 27, 2025

Оваа година, матурантите кои учат во скопските средни училишта испитите од државната матура ќе ги полагаат во амфитеатри и предавалници на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Ова се прави за да се намалат препишувањата, кои секоја година се евидентираат во голем број. Информацијата дека за прв пат годинава ќе се организира на УКИМ, […]

Меѓуресорска група ќе ги брани училиштата од сајбер напади

февруари 7, 2025

Претставници на Министерството за образование и наука, на Министерството за внатрешни работи, институции за јавна безбедност, претставници на Министерството за дигитална трансформација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, заеднички ќе се грижат за безедноста на училиштата, откако утрово многу училишта во земјава беа мета на сајбер напади. Се очекува меѓуресорската група да се […]

Децата дишат загаден воздух, градинките и школите полни со ПМ честички

ноември 11, 2024

Загадувањето на внатрешниот воздух во училниците и занималните во училиштата и градинките е високо и многу често над максимално дозволените граници за концентрации на ПМ честичките. Истражувањето за квалитетот на внатрешниот воздух во Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга направено во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ на УНДП и Министерството за животна […]

МОН ќе ја укине наставата во смени

август 20, 2024

Од први септември 124 основни и средни училишта можат да почнат со настава во една смена. Со некои училишта сѐ уште се разговара на оваа тема, а некои веќе самостојно одлучиле од септември да започнат од септемви со едносменска настава, најавија од Министерството за образование и наука (МОН). „Во тек е анализата што ја прави […]

За една декада речиси 9.000 столчиња во основните училишта останале празни

август 17, 2024

Во период од 10 години, во Македонија бројот на ученици во основното образование се намалил за дури 8.927 ученици. Во учебната 2013/2014 година имало 191.051 основец, а 10 години подоцна, оваа бројка изнесува 182.124. Нискиот наталитет, како и иселувањето од државата, се главните причини за ваквата состојба. Секоја учебна година, во училиштата се запишуваат сè […]

„Ја удираше со главата на подот и ја клоцаше“: Во Србија за еден ден родители нападнаа две наставнички

јуни 14, 2024

Во основното училиште „Јован Дучиќ“ во Нов Белград вчера мајка на петтоодделенец физички ја нападнала наставничката поради оценките на нејзиното дете. Жената била пренесена во болница, наставата била прекината, а децата пратени дома. Вработените, како што пренесува Н1, се крајно вознемирени поради, како што велат, уште еден од низата напади врз колегите. „Инцидентот се случил […]

Дворовите на основните училишта во Гостивар во лоша состојба, учениците без услови за спортски активности

јуни 10, 2024

Дворовите на основните училишта во Гостивар, каде што се наоѓаат спортските терени, не се во добра состојба и немаат соодветно одржување. Затоа, во некои од нив е тешко да се изведуваат спортски активности или часови по физичко образование. Порталб.мк ги посети основните училишта во кои може да се забележи несредената состојба на терен, а разговаравме […]

Пред да влезат во холот в сабота, матурантите ќе ги исклучуваат телефоните и ќе ги оставаат на страна

мај 30, 2024

Во тек се подготовките за претстојното полагање на државната матура кое треба да се случи в сабота, на 1 јуни. Вработени во Државниот испитен центар (ДИЦ) во моментов ги пакуваат веќе испечатените тестови по предметот мајчин јазик. Како што информира директорката Билјана Михајловска за Мета.мк, деновиве во ДИЦ се работи интензивно, по цели денови, за […]

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

април 19, 2024

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат во саботите, на 18 мај и на 1 јуни. Дополнително, скопските училишта треба да одработат и денот кога училиштата не работеа на 30 ноември, поради одржувањето […]

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

април 18, 2024

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше да се надминат проблемите детектирани во старата хардверска и софтверска инфраструктура во изминатите години. Сепак, до овој момент, наставниците го користат стариот е-дневник во кој ја […]

Страна 1 од 15