Тренчевска: Децата ни се безбедни, да не се создава паника

Децата се безбедни, меѓутоа новото време носи нови предизвици. Развојот на ИТ технологијата, социјалните мрежи, навистина наместо да ја подобрат информираноста кај граѓаните, тие преку лажните вести, говорот на омраза создаваат дури и проблеми кај менталното здравје кај голем дел од народот, вели министерката за труд и социјална политика

-

Децата се безбедени, не треба да се создава паника. Убиството на Вања Ѓорчевска е изолиран случај, вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, во врска со двете убиства за кои во притвор се четири лица, а еден е во бегство.

Тренчевска вели дека не треба да се создава паника кај граѓаните дека „децата не ни се безбедни“, со оглед на тоа што и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјавил дека станува збор за изолиран случај.

„Децата се безбедни, меѓутоа новото време носи нови предизвици. Развојот на ИТ технологијата, социјалните мрежи навистина наместо да ја подобрат информираноста кај граѓаните, тие преку лажните вести, говорот на омраза создаваат дури и проблеми кај менталното здравје кај голем дел од народот. Како институции мора да се прилагодиме на ова ново време, а и како МТСП каде што во надлежност се децата сакам да ги уверам родителите дека децата се безбедни, безбедни се училиштата, безбедни се установите од предучилишно образование, тука се институциите да работат на уште поголема сигурност и на семејствата и на секој еден граѓанин во државата, рече Тренчевска.

Таа денеска се обрати на тркалезната „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“ во организација на ОБСЕ.

Таа во делот на законската рамка и заложбите на Владата во однос на насилството ја истакна ратификацијата на Истанбулската конвенција резултираше со донесувањето на Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство донесен во 2021 година. Покрај тоа министерката истакна дека по претрпено односно извршено насилство треба да се работи со жртвите, меѓутоа и со насилниците.

„Воспоставивме 13 специјализирани сервиси за згрижување на жени жртви на семејно насилство и родово базирано насилство (засолништа) во 6 плански региони. Покрај засолништата, МТСП има воспоставено и специјализирани советувалишта на територијата на државата во седум плански региони. Воспоставени се 10 специјализирани советувалишта за жени жртви на насилство и семејно насилство и 8 специјализирани советувалишта за психо-социјален третман за сторители на семејно насилство“ истакна Тренчевска.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...