Протекоа плановите за евакуација во случај на масовно пукање во неколку американски училишта

Чувствителните документи ги содржеле и плановите за евакуација на училиштата со мапи кои ги прикажуваат маршрутите што треба да ги поминат учениците, но и местата каде треба да се соберат за време на вонредни случаи

-

Илјадници документи кои содржат планови за вонредни состојби во американските училишта, вклучувајќи ги и безбедносните процедури во случај на масовно пукање, ненамерно биле објавени на интернет во збирка која содржи над 4 милиони записи.

Минатиот месец, безбедносниот истражувач Џеремаја Фаулер открил податоци тешки 800 гигабајти поврзани со компанијата „Raptor Technologies“ која продава софтвери за училиштата, објави „Wired“ (Вајерд).

Фирмата обезбедува софтвер што им овозможува на училиштата да го следат присуството на учениците на предавањата, да ги следат надворешните посетители и да менаџираат со итни ситуации. „Раптор“ тврди дека нивниот софтвер го користат повеќе од 5.300 училишни области во САД и 60.000 училишта ширум светот.

Чувствителните документи ги содржеле и плановите за евакуација на училиштата со мапи кои ги прикажуваат маршрутите што треба да ги поминат учениците, но и местата каде треба да се соберат за време на вонредни случаи. Покрај ова, содржеле и записи за студентите кои претставуваат потенцијална закана за кампусите, медицинска евиденција на учениците, судски документи кои се однесуваат на семејна злоупотреба и имињата и матичните броеви на персоналот, учениците и нивните родители и старатели.

Еден од записите за едно од училиштата содржел планови за евакуација при пожар или силна бура, но и над 20 дополнителни сценарија – закани со бомби, заложнички ситуации, истрели од огнено оружје или киднапирање.

Покрај безбедносните извештаи вклучени во изложените досиеја, имало документи и дневници кои детално ги прикажуваат личните информации за учениците. Некои документи детално ги прикажувале ризиците што би можеле да ги претставуваат поединечни ученици, нивното неодамнешно однесување и дали истото се подобрува.

Записите биле објавени на три веб-страници, но не станува збор за хакерски напад, тврди Фаулер. Нема докази кои покажуваат дека до податоците пристапило злонамерно лице, но деталите од податоците, сепак, може да бидат искористени од некој што планира да нападне училиште.

„Ако домашен терорист, во основа, има работна карта на сите ранливости на владина зграда или училиште, тоа претставува огромен хипотетички ризик. Некои од мапите имаат дури и стрелки за тоа во која насока ќе трчаат децата ако има активен стрелец и каде да се скријат. Никогаш не сум видел такво нешто“, вели Фаулер.

Податоците датираат од 2022 и 2023 година и повеќето од нив се од американски училишта.

Од компанијата „Раптор“ за „Вајерд“ рекле дека веднаш преземале чекори за обезбедување на откриените податоци, но и дека нема индикации оти трети лица пристапиле до податоците, освен истражувачите и персоналот на „Раптор“.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...