fbpx

Уапсено уште едно лице за упадот во М-НАВ, обвинителството бара притвор

На останатите четворица осомничени, меѓу кои и Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ и претседател на чаирскиот огранок на ДУИ вчера Кривичниот совет им определи 30-дневен куќен притвор и мерки за претпазливост

-

Јавен обвинител денеска бил известен од полицијата дека е пронајдено и лишено од слобода уште едно од лицата кои беа опфатени со наредбата за истрага за упадот во Македонска навигација (М-НАВ). Станува збор за еден од четворицата кои не беа достапни за истражните органи. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд ќе достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот кој досега беше недостапен за органите на прогонот.

На останатите четворица осомничени, меѓу кои и Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ и претседател на чаирскиот огранок на ДУИ вчера Кривичниот совет по жалбата на обвинителството, им определи 30-дневен куќен притвор и мерки за претпазливост.

Домашен притвор за Беким Незири за упадот во М-НАВ, одлучи Кривичниот совет

 

Од Основното јавно обвинителство велат дека и покрај тоа што Основниот кривичен суд Скопје вчера информирал дека во предметот за случувањата во М-НАВ советот определил мерки куќен притвор за четворица осомничени, а „против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа од приемот на решенијата“, сепак Законот за кривична постапка не дозволува обвинителството да се жали на донесените решенија.

„Согласно член 169 став 3 од ЗКП, кој е наведен и во правната поука на донесените решенија, само обвинетиот има право на жалба во рок од 24 часа против решението на Советот и за таа жалба одлучува советот на повисокиот суд“, велат од обвинителството.

Ова значи дека само осомничените ќе можат да се жалат на одлуката, иако од обвинителството велат дека и натаму сметаат дека мерката куќен притвор и определените дополнителни мерки на претпазливост не се доволни за обезбедување на осомничените и за заштита на постапката.

Од Кривичниот суд вчера информираа дека според сите досега доставени факти и податоци, упадот не се случил во контролната кула, односно просторијата од каде се врши навигацијата, туку во просторијата која е одвоена со најмалку две безбедносни влеза пред кулата.

Инцидентот во М-НАВ се случи минатата недела, кога осум лица упаднаа во канцелариите на македонска навигација на аеродромот во Скопје и нападнаа контролор на летање, а откако Синдикатот на контролорите на летање се „крена на нозе“ поради несоодветна селекција на оглас за нови вработувања.

Владата на седница на Надзорниот одбор на М-НАВ предложи разрешување на Фахрудин Хамиди, извршен директор во М-НАВ, и на Љубе Стаменковски, секторски- технички директор.

За нови директори предложени се Хекуран Асани (контролор на летање) и Милан Кораќ (оперативен инженер техничар во М-НАВ).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...