fbpx

Израел продолжува со нападите во Газа, спасен првиот заложник

Според Министерството за здравство во Газа, кое е под управување на Хамас, досега во војната меѓу државата Израел и Хамас, загинале 8.306 Палестинци

-

Израелската пешадија врши напади врз милитанти и инфраструктура на Хамас во северниот дел од Појасот Газа, додека воената авијација врши воздушни напади. Понесен од првото спасување на израелски заложник што беше држан од милитантното движење, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повторно ја отфрли идејата за примирје и вети дека ќе го уништи капацитетот на Хамас за владеење во Газа или загрозување на Израел, јави новинската агенција Асошиејтид Прес.

Досега повеќе од половината од 2,3 милионското палестинско население на Газа ги напуштило своите домови, при што стотици илјади бегалци се сместени во училишта што ООН ги претвори во прифатилишта или во болници – крај илјадниците повредени пациенти.

Според агенцијата на ООН за палестинските бегалци, станува збор за речиси 672.000 Палестинци, што е бројка што четирикратно ги надминува капацитетите на училиштата и болниците. Илјадници Палестинци во текот на викендот насилно упаѓаа во магацините за хуманитарна помош за да земат храна, бидејќи дотурот на храна, вода и друга помош е крајно отежнат и недостигот ги доведува луѓето до очај.

Во Газа со седмици нема струја, бидејќи Израел го забранува внесувањето дизел и нафта за генераторите во болниците и во приватните домови.

Според Министерството за здравство во Газа, кое е под управување на Хамас, досега во војната меѓу државата Израел и Хамас, загинале 8.306 Палестинци. Во Западниот Брег, во насилства и во нападите на израелската армија, животите ги загубиле 122 Палестинци.

Крвавиот биланс во Израел е повеќе од 1.400 загинати, при што најголемиот дел од нив ги загубиле животите во првичните упади и напади од Хамас, што почнаа на 7 октомври. Околу 240 лица киднапирани при упадите, се наоѓаат на територијата на Газа. Спасен е само еден заложник, жена војник, во операција на специјалните сили на Израел.

Окуражен од тоа, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, исто како и вчера, ги отфрли повиците за прекин на огнот и се закани со уништување на Хамас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...