понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: училишта | 285 резултати

Македонците во Албанија бараат настава на својот мајчин јазик

јануари 14, 2016

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, заедно со разгранокот за Голо Брдо, достави ново барање, овојпат до највисоките претставници на власта и до сите надлежни албански институции, за организирање настава на мајчин македонски јазик во деветолетката „Ддесетте херои“ во село Требиште, област Голо Брдо. Барањето е доставено до претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани, премиерот Еди […]

Во Иран затворени училиштата поради загадување на воздухот

декември 20, 2015

Повеќето училишта во Иран утре ќе бидат затворени поради високото ниво на загадување на воздухот кое веќе неколку дена ги надминува дозволените вредности. Училиштата ќе бидат затворени во Техеран и во околните градови, како и во провинцијата Алброз, во западниот дел на Иран. Властите одлучиле да ги затворат училиштата и во централните индустриски градови Арака […]

Затворени училишта во Лос Анџелес поради терористички закани

декември 15, 2015

Сите училишта во Лос Анџелес се затворени поради неидентификувани терористички закани. Светските агенции јавуваат дека 634.000 ученици се вратени дома за истражителите да можат да пребараат повеќе од 1.200 основни и средни училишта. Портпаролката на одделот за образование, Елен Морган, ја објави одлуката, но не откри повеќе детали. Округот во кој школите се затворени, покрај Лос […]

Бојкот на наставата поради екстремно загадениот воздух во Тетово

декември 15, 2015

Екстремно загадениот воздух во Тетово ги принуди дел од родителите да не ги пуштаат своите деца на училиште. Тие денеска во дворот на основното училиште „Лирија“ организираа мал протест и најавија дека ќе ја бојкотираат наставата сè додека властите не преземат мерки против загадениот воздух. – Бевме принудени да преземеме вакви чекори. Синоќа се организиравме […]

Струшките средни училишта побараа зајакнато полициско присуство

октомври 22, 2015

Раководствата на двете струшки средни училишта доставија писмено барање до Министерството за внатрешни работи за поголемо присуство на полиција пред училишните објекти. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, потврди дека до полициската станица во Струга пристигнало барање за присуство на полициски службеници околу училиштата, за превентивно дејствување и за задржување на поволна безбедонсна состојба. Директорот на […]

Адеми: Не е време за измена на законот за основно и средно образование

септември 1, 2015

Министерот за образование, Абдулаќим Адеми, вели дека не е време за промена на законот во основно и средно образование, одговарајќи на новинарско прашање околу евентуалниот дијалог со „Средношколски пленум“ и исполнување на нивните барања околу воспитно-образовниот процес – Не е време за измена на законот за основно и средно образование. Дијалог – да, но во ситуација […]

Екстерното заврши, следува период на приговори

јуни 10, 2015

Со завршување на школската година и со почетокот на летниот распуст, завршува и долго оспоруваниот процес на екстерно тестирање во основните и во средните училишта. Во процесот беа опфатени вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници од четврто одделение до трета година средно. – Процесот, како и во изминатите години, е полн со нелогичности, технички пропусти […]

„Јашар-бег“ и „Хасан Приштина“ се новите имиња на училиштата „Јане Сандански“ и „Цветан Димов“

јуни 9, 2015

„Јашар-бег“ и „Хасан Приштина“ се новите имиња на училиштата „Јане Сандански“ и „Цветан Димов“, кои се наоѓаат во скопската општина Чаир. Градоначалникот Изет Меџити на својот фејсбук-профил попладнево ги објави решенијата за преименување на овие училишта. „Со Министерството за образование и наука (МОН) неодамна официјално е постигнат консензус за промена на статутот, со што се менуваат […]

Дали само учениците ќе се офајдат од набавката на 300.000 таблети?

март 9, 2015

По проектот „Компјутер за секое дете“, основните и средните училиште од следната година ќе се подноват со „таблет-компјутери за секое дете“, информираше заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски. „Компјутер за секое дете“ мина со многу контроверзии и сомнежи за набавките на опремата, а до ден-денес не е познато колку точно пари чинеше проектот. Опозицијата […]

МОН: Нема наредба за учење во сабота

февруари 13, 2015

Министерството за образование и наука информира дека сè уште не се одобрени плановите за одработување, односно надоместување на пропуштените наставни денови во дел од училиштата во земјата, каде во изминатиот период имаше бојкот на наставата. „Тоа се однесува и на плановите што ги подготвија и ги доставија училиштата од општина Куманово, каде одлуката за одржување настава […]

Наставата почна, штрајкувачите во малцинство

јануари 20, 2015

Денеска почна второто полугодие за околу 280.000 основци и средношколци по тринеделниот зимски распуст. СОНК најави штрајк поради неуспешните преговори со Министерството за образование и наука. Штрајкот требаше да биде со присуство на работните места, но без извршување на работните задачи. Од обиколката што ја направивме во скопските училишта и градинки и според она што […]

Штрајкот ги подели битолските наставници

јануари 20, 2015

Најавениот штрајк на СОНК ги подели вработените во битолското образование. Едни штрајкуваат, други држат настава. Во дел од основните и од средните училишта во градот наставата почна, во други – децата останаа сами во училниците, а во неколку училишта штрајкуваа само синдикалците на СОНК. – Утрово, кога отидовме на работа, од една страна нè пречека […]

Трајановски: Скопските училишта нема да штрајкуваат

јануари 18, 2015

Во вторник ќе почне второто полугодие од учебната година и наставата ќе се одвива нормално во сите средни и основни училишта во Скопје, а ќе работат и сите градинки, соопшти денеска на прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, а во врска со најавениот штрајк на Синдикатот за образование, наука и култура(СОНК). Трајановски рече дека изминатава […]

Директорите на училиштата од Центар не биле на тајниот состанок во „Јосип Броз Тито“

декември 10, 2014

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска се сретна со директорите на седумте основни училиште од Центар. Директорите на состанокот негирале дека биле повикани и оти присуствувале на  каква било средба во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Жерновски се надева дека политиката нема да се вмеша во образованието и дека најстрого ќе бидат казнети директорите што ќе ги затворат вратите […]

Жерновски на средба со директорите на училиштата во Центар

декември 9, 2014

Андреј Жерновски, градоначалникот на општина Центар, утре ќе се сретне со седум директори на основните училишта за да разговара со нив за состанокот што вчера тие го имале во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Во соопштението од Општина Центар пишува дека Жерновски сака да ги праша директорите дали состанокот бил партиски и да им го соопшти неговиот став за […]

СДСМ: Децата смрзнуваат, а власта молчи

ноември 16, 2014

СДСМ побара преземање итни мерки за надминување на состојбата со недостигот на електрична енергија во основните и во средните училишта. Дејан Павлески од СДСМ, како дел од причините за оваа состојба, ги наведе недостигот на пари кај општините, неодговорниот однос на градоначалниците, како и порастот на цените на нафтата и на електриќната енергија. – Охридските […]

Турција ја забрани „Игра на тронови“

ноември 10, 2014

Во Турција на учениците во воените училишта и академии им е забрането да ја гледаат серијата „Игра на тронови“. Турскиот весник „Хуриет“ јавува дека е изменет правилникот за средно образование, во кој е додаден член, во кој се воведува „заштита на учениците“. Серијата се забранува за да се  заштитат учениците од „сексуална експлоатација, порнографија, егзибиционизам, злоставување, […]

Министерството за образование ќе проверува зошто смрзнуваат учениците

ноември 6, 2014

Зошто одредени училишта во Струга и во Кичево немаат греење од почетокот на грејната сезона, што предизвика бојкот на наставата, ќе проврува Министерството за образование. Според заменик министерот за образование, Спиро Ристовски, ќе се контролира како се трошат парите за греење во училиштата и кој дозволил учениците да смрзнуваат. – Министерството за образование секоја година доставува […]

Педесет наставници од Штип реагираат на казните

ноември 6, 2014

Педесетина наставници од Штип до училишните одбори поднеле приговори поради пониските оценки од интерното оценување. Тие реагираат затоа што со тоа ќе добијат и плата пониска за 3.000 денари. Најмногу приговори, 34, се во ОУ „Ванчо Прке“, каде повеќе од половината наставници, на внатрешното оценување добиле оценки со кои е предвидена и казна. Тие тврдт дека членовите […]

СДСМ: Во 21 век, во училиштата нема греење

ноември 5, 2014

Кога се доведува во прашање здравјето на учениците, никој не го интересира дали за тоа е виновна централната власт на ВМРО-ДПМНЕ или локалната на Зијадин Села. Надлежните институции да не си ја префрлуваат одговорноста еден на друг, туку веднаш да го решат овој проблем, побара денеска СДСМ. „Во неколку основни училишта во Струга е прекината […]

Страна 14 од 15