среда, 10 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: училишта | 288 резултати

Рано е да се каже дали грипот и студот ќе го продолжат зимскиот распуст

јануари 4, 2017

Сè уште е рано е да се размислува за тоа дали зимскиот распуст за учениците, кој трае до 18 јануари, ќе биде продолжен поради состојбата со грипот, велат неофицијално од Министерството за образование и наука (МОН). Официјален одговор на прашањето на „Мета“ дали поради грипот се размислува распустот за учениците да биде продолжен, сè уште […]

Комисијата за заразни болести со препораки за грипот, 7.800 лица се заболени во декември

декември 28, 2016

Комисијата за заразни болести информираше дека во системот „Мој термин“ во декември биле евидентирани повеќе од 7.800 лица заболени од грип и очекуваат тој број да се зголеми. На седницата одржана вчеравечер, донеле неколку препораки меѓу кои и да се изврши темелна дезинфекција на сите детски градинки и училишта, како и континуирано да се одржува зголемено ниво […]

Општината Кочани ќе крати од буџетите на училиштата поради долгот за бесплатниот превоз на учениците

декември 27, 2016

Долгот на кочанските училишта кон превозниците, за неколку годни колку што се спроведува владиниот проект за бесплатен превоз, достигна близу милион евра. Ова го тврди кочанската опозиција, која нема точен податок во врска со износот на долгот. Советот на Општината Кочани на последната седница донесе одлука да им одбива од блок-дотациите на училиштата, што стигнуваат […]

#Одговорност е да се оддалечат коцкарниците од училиштата и од населените места

ноември 9, 2016

Сведоци сме на големото распространување на објектите за игри на среќа, при што во последно време тие може да се забележат на секое ќоше во земјава, почнувајќи од обложувалниците, па сè до казината. Овие објекти, освен што го осиромашуваат народот, особено се опасни за малолетните деца бидејќи создаваат зависност. Во приницип, игрите на среќа се […]

Акција „Подари книга“ за најмладите во општина Пустец

ноември 2, 2016

Градинката „Јасна Ристеска“ од Охрид ја спроведува акцијата „Подари книга“ за најмладите во општина Пустец од денеска до 9 ноември. Поканата за приклучување кон оваа акција е отворена за сите граѓани, а посебно се испраќа до сите писатели и творци од Охридско и од Струшко, издавачки куќи, книжарници, библиотеки и до сите љубители на пишаниот збор. Организаторот […]

И топло добредојде и инциденти за децата бегалци во грчките училишта

октомври 11, 2016

Првиот училиштен ден за децата бегалци во Грција не помина без проблеми. Некои деца беа дочекани со песна и со аплауз, други со демонстрации и со мали инциденти од грчките родители кои реагираат против одлуката децата бегалци да одат во исто училиште како нивните деца. Во едно училиште во Солун децата бегалци беа дочекани со […]

Родители од Солун не дозволуваат деца-бегалци да одат во исто училиште со нивните деца

септември 14, 2016

Големо изненадување во Грција предизвика бунтот на група родители против владината одлука децата-бегалци да посетуваат настава во неколку училишта во солунската населба Ореокастро. Родителските совети на неколку училишта од општината ги прогласија децата-бегалци за непожелни и се закануваат дека ќе ги окупираат училишните згради за да не дозволат да се одржат предвидените часови. Родителите реагираат […]

Наставниците сами решаваат дали ќе ги оправдаат отсуствата поради земјотресите

септември 14, 2016

Според информациите на „Мета“ од терен, и денеска во некои од одделенијата во училиштата во повеќе скопски општини на настава не се присутни сите ученици. Дали отсуството на учениците поради земјотресите ќе биде оправдано или неоправдано, ќе зависи од индивидуалната одлука на секој класен наставник, бидејќи Министерството за образование нема официјален став во однос на […]

Манчевски: Институциите мора да ја смират паниката кај граѓаните

септември 13, 2016

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, денеска на прес-конференција рече дека институциите мора подготвени да ги дочекаат земјотресите. Според него, моментално најголем хаос владее во образованието. – Училиштата немаат никакви насоки и се оставени сами на себе, стихијно да носат одлуки што ќе прават со наставата. Некои држат настава, некои ги враќаат учениците дома, а има […]

ИЗИИС: Земјотресот оштети болници, градинки, училишта и станбени згради

септември 13, 2016

Земјоделскиот факултет, Апелацискиот суд, неколку болници и градинки, три училишта и повеќе станбени згради имаат штети од земјотресите, информираат од  Институтот за земјотресно инженерство и сезмологија Скопје (ИЗИИС). Оттаму велат дека сите оштетувања се во неконструктивните делови на објектот, а стабилноста на објектите не е доведена во прашање. Некаде ѕидовите се одделени од конструктивните елементи […]

ИЗИИС затвора училници и занимални, надлежните смируваат дека сè е нормално

септември 13, 2016

Институтот за земјотресно инженерство и сезмологија Скопје (ИЗИИС) и денеска беше во посета на училиштата и на градинките низ градот за да ја увиди состојбата со објектите по земјотресите од неделата и од понеделникот. Од Институтот за денеска најавија целосен извештај за состојбата во училиштата и во градинките. Како што информираат, пак, од Општина Центар, регистрирани […]

Паниката ги проретчи училиштата, МОН чека инструкции од кризниот комитет

септември 13, 2016

Официјален став од Министерство за образование за затворање на училиштата нема, но и покрај тоа, голем дел од родителите самоиницијативно одлучуваат да не ги носат децата на училиште и во градинка. Според информациите на „Мета“ од терен, во некои од одделенијата во училиштата во повеќе скопски општини на настава се присутни половина или една третина […]

ИЗИИС забрани користење на неколку училници во училиштата во Скопје

септември 12, 2016

Институтот за земјотресно инженерство и сезмологија Скопје (ИЗИИС) по препорака на Управувачкиот комитет за справување со кризи денеска ги посетуваше училиштата и градинките во Скопско за да ги увиди штетите и можните последици по серијата земјотреси од последните два дена. Како што дознаваме, тие посетиле повеќе објекти, а во некои училишта се забранети за користење […]

Ученици не одат на настава во две средни училишта во Тетово

септември 9, 2016

Проблемите во образованието во Тетово продолжуваат. Освен гимназијалците Македонци, на училиште не одат и учениците од Средното економско училиште „8 Септември“, а наставата не почна ниту за дел од средношколците од руралните места од Тетовско, за кои Општината сè уште нема организирано бесплатен превоз. Еден од превозниците вели дека иако е почеток на учебната година, Општина […]

ЛДП:Директори осомничени во „Транспортер“ директоруваат со поминат мандат

септември 9, 2016

Директори осомничени од СЈО во случајот „Транспортер“ директоруваат во битолските училишта со поминат мандат. Со вакво обвинување денеска излегоа битолските либерал-демократи, кои според официјално достапните документи, тврдат дека директорите на неколку училишта во градот се со поминат мандат и одлуките што ги носат во овој период не можат да бидат законски и одржливи. Томе Цветковски, потпретседател […]

Грција планира да организира часови и училишта за децата бегалци

јули 28, 2016

Грчкото министерство за образование ја разгледува идејата од септември илјадници деца бегалци да се вклучат во редовната настава во грчките училишта. Министерот за образование, Никос Филис, за ова разговараше со атинскиот градоначалник Јоргос Каминис за да се воспостави соработка меѓу министерството и локалната самоуправа за вклучување на децата бегалци во грчките училишта. „Министерството е подготвено од почетокот […]

Втор уписен рок во средните училишта

јули 4, 2016

Во средните училишта денеска се спроведува второто пријавување од јунскиот уписен рок за запишување ученици во прва година во учебната 2016/2017 година. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 6 јули. Првото пријавување за упис во средните училишта за гимназиско, стручно и за уметничко обазование и за спортската академија се одржа на […]

СДСМ: Аеродром ќе беше рајска градина ако 14 милиони евра се инвестираа за граѓаните

мај 15, 2016

„Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се на директна штета на граѓаните на Аеродром. Своето 10-годишно расипничко трошење на парите на граѓаните, градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, решил да го заврши со рајска градина со мајмуни и со желки, вредна 14 милиони евра“, обвинува советничката група на СДСМ од Аеродром. „Додека ЕЛЕМ молчи поради кои аргументи одобриле […]

Едукативни работилници за штетноста на наркотиците во основните училишта во Охрид

март 28, 2016

„Живеј здраво, живеј безбедно“ е мотото под кое СВР од Охрид, преку Одделението за превенција, ќе почне со реализација на проектот „Превенција од пороци“. Со проектот се планира преку пауер поинт презентација и низ интерактивен пристап, во охридските основни училишта да се одржат низа едукативни работилници на тема: „Недозволена трговија со дрога“. Проектот кој има […]

СДСМ Охрид: Училиштата се распаѓаат, нема раководител во Секторот за образование

март 17, 2016

„Поминаа три години откако локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид ги презеде училиштата под своја ингеренција, а сè уште нема поставено раководител во Секторот за образование. Поради отсуство на организација, координација и меѓусебната соработка на училиштата, најмногу трпат просветните работници и учениците“, обвини денеска на прес-конференција советничката од редовите на СДСМ, Жаклина Лазаревска. – Колку локалната власт […]

Страна 13 од 15