fbpx

Медена измама: Речиси половина од медот на европските пазари е вештачки

„Најчестиот тип на измама со медот се случува преку фалсификување, односно со додавање евтини состојки наместо да се одржува медот чист. Но, откривме и случаи на измама со потекло, со етикети кои тврдат дека е лажно потеклото на производот“

-

Речиси половина од медот увезен во Европската Унија најверојатно е вештачки, покажа истрагата на Канцеларијата за борба против измами на Европската комисија (OLAF) и Заедничкиот истражувачки центар (JRC), пренесе Јуроњуз.

Од 320 тестирани примероци на мед, за 147 примероци (46 отсто) постои силен сомнеж дека содржат додавани шеќерни сирупи од ориз, пченица или шеќерна репка и дека вештачкиот мед не е во согласност со барањата на Директивата на ЕУ за мед.

Најмногу вештачки мед се носи од Турција (93 отсто) и Кина (74 отсто), а сите 10 примероци на мед кои влегле во Велика Британија паднале на тестовите.

Истрагата покажа дека 133 деловни субјекти (70 увозници и 63 извозници) биле вклучени во пратки мед за кои постои сомневање дека е вештачки, а дополнително се истражуваат 44 оператори.

Координираната акција на ЕУ, „Од кошниците“, во која беа вклучени националните власти на 18 земји кои се дел од Мрежата за измама со храна на ЕУ, ОЛАФ и Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (ЈРЦ), ја водеа истрагата.

Земјите-учеснички беа: Белгија, Бугарија, Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Литванија, Полска, Романија, Шпанија и Шведска, како и Норвешка и Швајцарија.

Во извештајот се наведува дека просечната единечна вредност на ЕУ за увозен мед била 2,32 €/кг во 2021 година, додека шеќерните сирупи направени од ориз биле околу 0,40 – 0,60 €/кг.

„ЕУ е увозник на мед бидејќи внатрешната побарувачка е поголема од нашето домашно производство. Важно е да останеме будни против каква било злоупотреба. Најчестиот тип на измама со медот се случува преку фалсификување, односно со додавање евтини состојки наместо да се одржува медот чист. Но, откривме и случаи на измама со потекло, со етикети кои тврдат дека е лажно потеклото на производот. Оваа акција служеше за да се подигне вниманието, да се повика на ред и да се одвратат какви било измамнички практики“, рече Вил Итала, генерален директор на OLAF.

Главни купувачи на мед произведен во светот се САД и Европа.

Францускиот весник „Монд“ објави дека со увезени 175.000 тони мед годишно, при што европските земји се втор по големина увозник на мед во светот по Соединетите Американски Држави.

Владата на Обединетото Кралство соопшти дека ги истражува резултатите, но официјалните лица ги оспоруваат тврдењата дека индустрискиот увозен мед е вештачки, велејќи дека е потребна понапредна технологија за тестирање и дека сегашното спроведување е „соодветно за целта“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...